Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Две фирми ќе заработат кривични пријави за несреќата во која загина 28-годишен охриѓанец

За стравичната трагедија кога при пад во отвор за лифт загина 28-годишниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За стравичната трагедија кога при пад во отвор за лифт загина 28-годишниот охриѓанец Кристијан Љушев, Трудовиот инспекторат ќе поднесе кривични пријави против две фирми. Во интерес на истрагата не откриваат за кои фирми станува збор, но по двонеделното темелно истражување на околностите утврдиле дека истите не ги исполнувале законските прописи за безбедност при работа на градилиште.

Младото момче, кое работело во фирма за уредување на ентериери, настрадало додека со колега носеле дел од лежај долг речиси два метра во зграда која била во изградба. Инспекторите времено дале и забрана за работа на градилиштето за сите правни субјекти – инвеститор, изведувач и надзор.

„По извршените вонредни инспекциски надзори се утврди дека кај два правни субјекти не се преземени мерки во согласност со прописите од областа на безбедност и здравје при работа. Поради тоа ќе бидат поднесени кривични пријави до надлежното Основно јавно обвинителство за понатамошно постапување“, велат од Државниот инспекторат за труд.

Реклама

Најблиските се неутешни. Денес тие не бараат сочувство, туку одговорност. Еден млад живот згасна прерано, на начин што не смее да се повтори. Ова е опомена дека негрижата, пропустите и неодговорноста чинат човечки животи. Бараат случајот целосно да се расветли. Неколку дена пред трагедијата, таткото на Кристијан отишол да му го однесе паричникот. Тој пренесува во каква состојба била зградата на која се работело.

„Јас се качив, влегов слободно во таа зграда, во тој влез до втор кат некаде, на скалите му го дадов новчаникот и прво што приметив со мојата возраст и некое искуство во животот е дека има отвори во зградата, дупки на лифтовите, ограда нема. Прво мене ме фати страв и одма му реков на син ми: пазете, ова страшно е. Очекувам правда за детето. Детето не може никој да ми го врати назад, но една правда да се знае дека некој одговарал“, вели Валентин Љушев, татко на Кристијан.

Веднаш по настанот, увид на лице место извршил и јавен обвинител заедно со полициски екипи.

„Трудовиот инспекторат треба да достави извештај до обвинителството во однос на констатираните состојби. Во меѓувреме се преземаат и други дејствија, вклучително и вербални искази од лица кои имаат определени сознанија“, велат од ОЈО.

Нема охриѓанец кој не сочувствува со семејната болка, оти Кристијан првенствено беше фотограф со светла иднина пред себе.