Реклама

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Македонија

Двајцата позитивни од ДПИ однесоа 22 лица во самоизолација

22 лица кои контактирале со позитивните на Ковид-19 вработени во Државниот просветен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

22 лица кои контактирале со позитивните на Ковид-19 вработени во Државниот просветен инспекторат  се во самоизолација. Епидемиолозите утврдиле дека лицата кои се во карантин имале директен контакт со заболените.

Од овие лица само седум , по сопствена иницијатива веќе се  тестирани и се чекаат резултатите потврдува за Алфа директорот на Инспекторатот,  Спировски.

  •  „Сите се во добра здравствена состојба и без никакви симптоми, па дури и двајцата позитивните на вирусот кои се асимптоматски и сосема случајно се тестирале“, вели Спировски за Алфа.

ДПИ е сместен во зградата на Нова Македонија, каде што се наоѓаат повеќе институции и министерства. Заменичката министерка за информатичнио општество, Невенка Стаменковска Стојковски, стравува  дека бројот на заразени ќе биде уште поголем бидејќи лицата позитивни на вирусот доаѓале на работа и делеле простории со многу повеќе. Таа обвинува дека не се почитуваат ниту мерките, ниту протоколите во институциите. Вината ја гледа во министерот Дамјан Манчевски затоа што условите за работа на администрацијата вели не биле според протоколите.

Реклама
  •  Мора да нагласам дека овие две лица кои се позитивни доаѓале на работа секој ден и го користеле лифтот да стигнат до своето работно место бидејќи се наоѓаат на најгорните спратови, исто така согласно протоколот требаше веднаш да започне со дезинфекција на целата зграда и лицата, сите кои се вработени во рамките на различните инстицтуции кои се наоѓаат во оваа зграда требаше денеска да бидат ослободени и веднаш да се направи дезинфекција на работните простории. Но, исто така не се почитува протоколот и дезинфекција денеска не се набрави.. Слободно можете да видите дека самата институција нема обезбедено никакви средства за дезинфекција  ниту пак по спратовите..-вели  Невенка Стаменковска Стојковски

Стаменковска Стојковски уште во понеделникот упати  апел до Владата да се реагира, и  веднаш да се прекине со негрижата кон вработените во јавниот сектор .

Викторија Миткова