Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Дваесет и петгодишнина од билингвална паралелка во кумановската гимназија „Гоце Делчев”

Амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер, денеска присуствуваше на свечен настан во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер, денеска присуствуваше на свечен настан во Куманово по повод 25 години од двојазичната настава во гимназијата „Гоце Делчев“ Куманово. На настанот во НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ се обрати амбасадорот и директорката на Гимназијата Марија Тодоровска, кои го изрази задоволството од 25 – те години исполнети со успеси и нови перспективи за иднината на двојазичното образование.

-Голема чест за мене е одбележувањето на 25 годишниот јубилеј од функционирањето на француската билингвална паралелка. Јубилејот сведочи за упорност, континуитет и посветеност на образованието на младите генерации во Куманово. Овие паралелки бројат 29 ученици од различни основни училишта, што укажува на важноста, угледот, довербата, што програмата ја ужива помеѓу учениците и родителите, рече во обраќањето амбасадорот.

Тој истакна дека билингвалното образование е столб на успехот, повеќе предмети се изучуваат на француски јазик, укажувајќи дека тимот наставници со години вложува труд во својата обука. Во обраќањето амбасадорот се задржа и на соработката на кумановската гимназија со две училишта од Франција преку која учениците се запознаваат меѓу себе, негувајќи европски вредности. Воедно, кажа дека амбициите и мотивацијата на учениците е доказ за „силата на паралелките“. Тој се заблагодари на сите чинители кои ја поддржуваат идејата и кажа дека амбасадата и институтот остануваат силни поддржувачи, најавувајќи дека гимназијата ќе добие бренд за квалитет во наставата која го издава тамошното Министерство.

Реклама

Директорката на гимназијата, Марија Тодоровска во обраќањето рече дека јубилејот на постоењето се совпаѓа со друг јубилеј 80 годишно постоење на гимназијата.

-Куманово е град со традиција на изучување на францускиот јазик и од 2000/01 година почува со работа билингвалната паралелка од иницијатива на францускиот институт и амбасадата, рече Тодоровска.

Таа наведе дека паралелката има бројни успеси на домашно и меѓународно ниво. Учениците можат да го продолжат образованието во Франција и франкофонски земји.

На настанот присуствуваше и професорката по француски јазик Добрила Почуча како координатор на овој значаен проект инициран од Францускиот институт, поддржан од Амбасадата на Франција, го потенцираше макотрпниот пат на образование во овие паралелки, преку секојдневен ангажман на професорите и учениците. Присутните гости проследија видеопрезентација, во која главни актери се ученици од Гимназијата, кои своето образование го продолжија на престижни факултети надвор од државата, споделувајќи ги своите искуства и успеси. Во рамките на културно – уметничката програма настапија ученици со песни и рецитали на француски јазик.

Претходно во општина Куманово градоначалникот Максим Димитриевски оствари средба со амбасадорот на Француската Република во Македонија, Кристоф Ле Риголер. Од општината наведуваат дека средбата е резултат на воспоставената стабилна основа за сериозна соработка помеѓу Општината и Амбасадата на Франција, која ќе донесе нови проекти и идеи за поквалитетен животен стандард на граѓаните.

-Општина Куманово ќе продолжи да иницира реални идеи за одржување на досегашната соработка преку соодветни решенија, согласно со надлежностите на двете страни, информираа од општината.