Mинистерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска ќе ја посети компанијата „Киел Македонија“ во ТИРЗ Тетово.
Дурмиши, како што информира неговиот кабинет, ќе се запознае со производствените капацитети, проширувањето на дејноста и новата инвестиција, вредна околу 1,5 милиони евра, како и со плановите за дополнителни вработувања.

