Реклама

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Економија

Дурмиши во Куманово: Со мерки од Оперативниот план креираме активна економија

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, синоќа присуствуваше на јавната презентација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, синоќа присуствуваше на јавната презентација на Оперативниот план за вработување 2025 во Куманово, во организација на Министерството за економија и труд и Агенцијата за вработување. Настанот го привлече вниманието на бројни граѓани, млади лица, компании и претставници на локалните институции, кои покажаа сериозен интерес за државната поддршка за вработување и економски напредок.

„Ние не нудиме декларативни ветувања, туку конкретни алатки за промена. Инвестираме 40 милиони евра во активни мерки кои треба да им помогнат на граѓаните да останат тука, да напредуваат и да го реализираат својот потенцијал“, истакна министерот Дурмиши.

Планот за 2025 година предвидува инвестиција од 40 милиони евра, насочена кон повеќе од 10.000 граѓани, а досегашниот одѕив покажува дека мерките веќе го даваат посакуваниот ефект.

Реклама

Во Куманово беа промовирани и двете тековно отворени мерки:

Мерка 5 – Практикантство, со јавен оглас што трае од 1 до 31 јули 2025, наменет за правни и физички лица. Преку оваа мерка, 1.352 млади до 29 години ќе се стекнат со практично искуство, со месечен надомест од 12.000 денари во траење од три месеци.

Мерка 3.1 – Обука на работно место кај познат работодавач, со оглас што трае до 30 ноември 2025, која овозможува директно поврзување на граѓаните со компании кои реално бараат кадар.

Дополнително, министерот потсети на веќе завршените мерки од планот:
-Субвенционираното вработување за микро, мали и средни претпријатија, со над 2.000 апликации, што покажува голем интерес и доверба од страна на бизнис заедницата.
– Финансиската поддршка за започнување сопствен бизнис веќе е затворена со над 6.000 апликации, а во тек е селекцијата на корисниците.

„Овие бројки се доказ дека граѓаните препознаваат кога државата сериозно инвестира во нив. Зад секоја апликација стои идеја и надеж, а наша должност е да ги поддржиме тие одлуки со конкретна поддршка“, изјави Дурмиши.

Настанот во Куманово е дел од поширока теренска кампања на Министерството и Агенцијата за вработување во општини со висока стапка на невработеност. Целта е јасна – мерките да допрат до секој граѓанин, директно и ефикасно.