Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

🎥 Дурмиши: Последна опомена до трговците за цените, ако не постапат соодветно, следат ригорозни мерки од Владата

Владата со последно предупредување до трговците и дистрибутерите. Министерот за економија и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата со последно предупредување до трговците и дистрибутерите. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска ќе има последен состанок со нив, на кој ќе побара да не претеруваат со маржите. По постојаниот раст на цените на прехранбените производи, тој вели дека овој потег е доказ дека ова е краен обид тие да се стават во ред самите. Ако не го поправат однесувањето во наредниот период, ќе има подрастични мерки за одржување на животниот стандард на граѓаните.

Владата вчера донесе одлука да се намалат цените на училишниот прибор во пресрет на школската година на 10% во трговијата на големо, односно 15% во трговијата на мало. Мерката важи за сите видови продавници кои продаваат училишен прибор –  книжарници, супермаркети, спортски продавници, а опфаќа широк спектар производи како тетратки, ранци, моливи, боици, фломастери, калкулатори, пластелин, ножици, лепак, папки и други основни материјали. Секој производ што ќе биде опфатен треба да биде јасно означен со натписот „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, а во сите продавници да биде поставен плакат со информации за мерката. Од 15-ти август до 15-ти септември, инспекторите ќе бидат на терен и ќе санкционираат евентуални нерегуларности. Цените ќе се споредуваат со референтната цена од 1-ви јуни. Дурмиши се надева дека оваа акција ќе биде успешна како и ланската „училишна кошничка“ кога заштедите по ученик изнесуваа од 750 до 2 000 денари.

Инфлацијата во јули изнесуваше 4,8% споредено со истиот месец лани. За еден месец храната поскапела за 0,3%, а најмногу транспортот за 9,9%, главно поради растот на трошоците за гориво. Министерот за економија вели дека и другите министерства се борат со растот на цените, а Владата особено се залага за поддршка на земјоделството, односно производството на храна во Македонија. Вчера гувернерот на Народната Банка, Трајко Славески рече дека состојбата се следи и дека освен евентуални промени во референтната каматна стапка, НБМ има опции да реагира и преку задолжителната резерва и макропрудентните мерки.