Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Економија

Дурмиши на министерски состанок за Берлинскиот процес: Регионалната соработка и реформите се клуч за посилен пазар на труд

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска во Берлин учествуваше на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска во Берлин учествуваше на панелот „Промовирање на вработувањето: Ефективни стратегии за отпорни и инклузивни пазари на труд“ на министерскиот состанок за Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес. Во своето обраќање истакна дека Македонија останува посветена на спроведување на реформи кои ќе придонесат за посилен, пофлексибилен и поконкурентен пазар на труд, усогласен со европските стандарди и политики.

Тој, како што информираат од Министерството за економија и труд, посочи дека меѓу најголемите предизвици со кои се соочува државата се неусогласеноста меѓу понудата и побарувачката на работна сила, недостигот на квалификуван кадар, иселувањето на младите и присуството на неформалната економија.

-Иако има значителен број активни баратели на работа, компаниите се соочуваат со недостиг на кадар со соодветни вештини. Затоа, неопходно е подобро усогласување на образованието со потребите на реалниот сектор, создавање поквалитетни работни места и трансформација кон економија со повисока додадена вредност – нагласи Дурмиши.

Реклама

Министерот информираше дека Владата активно ги спроведува мерките за вработување преку оперативните планови, со посебен фокус на обуки во реални работни услови, поддршка за самовработување и развој на претприемништвото.

-Само во изминатата година беа доделени над 2.500 грантови за отворање сопствен бизнис, а оваа година со мерките за вработување ќе бидат опфатени повеќе од 10.000 невработени лица, за што се обезбедени околу 40 милиони евра – истакна Дурмиши.

Потенцираше дека земјава активно работи и на имплементација на реформската агенда во рамки на Планот за раст на Европската Унија, како и на Заедничкиот регионален пазар, со цел поголема економска конкурентност, подобра деловна клима и поголема мобилност на работната сила во регионот.

Тој додаде дека државата ќе продолжи со реформите насочени кон признавање на квалификации и дипломи, олеснување на пристапот до работни дозволи и создавање пофлексибилен и поинтегриран регионален пазар на труд.

-Берлинскиот процес претставува важен механизам за зајакнување на регионалната соработка и забрзување на европската интеграција на Западен Балкан, а Северна Македонија останува активен и посветен партнер во тој процес – порача Дурмиши.