Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Дуковски: Канцер не се лечи со парацетамол, па со реформи да го средиме судството

Канцер не се лечи со парацетамол, па со реформи да го средиме…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Канцер не се лечи со парацетамол, па со реформи да го средиме судството. Добро упатените во функционирањето на судскиот систем во државава коментираат дека Судскиот и Обвинителскиот совет се метастазирани и не постои можност за реформи со истите луѓе кои ја сведоа довербата на граѓаните на 2 %. Адвокатот Сашко Дуковски години наназад цврсто стои на ставот дека овие два совета се дувло на корупција и треба веднаш да се укинат, а не да се реформираат.

Последниот скандал со членовите на Судски и Обвинителски совет и нивниот упад во Управниот одбор на Академијата ја покажува само нивната желба за личен интерес и ништо повеќе, коментира адвокатот. Тој појаснува дека постојано истите луѓе се изјаснуваат дека се за владеење на правото и почитување на законите, а всушност преку функциите само си завршуваат работи за нив,  и нивните блиски. Покрај тоа што членовите на советите седнаа и во Управниот одбор на Академијата, Дуковски потсетува на како што вели срамниот обид на поранешната директорка на академиијата, за време на избори да протне кандидати.

Реклама

Судир на интереси, непотизам, корупција. Години наназад судскиот систем тоне, а довербата на народот е сведена на само 2 %. Меѓународната заедница повикува на реформи во правосудството и имплементација на извештајот на Оценската мисија што влезе во Судскиот совет по скандалите што го тресеа со месеци.

Засега извештајот и препораките за реформи на Оценската мисија не и се познати на јавноста.

Апелите од претставниците на Европската унија во земјава очигледно не допираат до челниците во судството. И покрај предупредувањата и апелите, Антикорупциска пред два дена регистрираше судир на интереси кај членови на Судскиот и Обвинителскиот совет.