Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

ДУИ во страв: Дали и други од партијата на Ахмети и нивните семејства ќе ја доживеат судбината на Артан Груби?!

ДУИ е во страв дека голем дел од партијата и нивните потесни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ДУИ е во страв дека голем дел од партијата и нивните потесни семејства ќе ја доживеат судбината на Артан Груби односно да завршат на американската црна листа. Ова доаѓа по пораката на претседателот на САД во заминување, Џо Бајден, дека на листата на санкции ќе завршат сите кои работат на дестабилизација на Западен Балкан, токму она со што се заканува ДУИ во Македонија, откако замина во опозиција.

Според познавачите ова треба да биде јасна порака за голем број политичари, меѓу кои и Али Ахмети и неговите сопартијци. Политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи за Алфа вели дека кај интегративците има простор за страв, пред се поради криминалот и корупцијата.

-Тие повеќе се загрижени од тоа дека ќе се стават сите тие и нивнинте потесни семејства и политички организации, кои се занимаваат со криминал и корупција, најмногу тие се загрижени отколку за Рамковниот договор и договорот од Преспа, изјави Фаризи.

Реклама

Откако заминаа во опозиција главната реторика на ДУИ е национализмот и заканите со дестабилицзација. Политичкиот аналитичар Агим Јонуз за Алфа вели дека ова е јасна порака за Али Ахмети да ја спушти топката.

-Не смее да мавта со дестабилизации, а од друга страна нема друг избор и нема друг модел, освен инсталирање на ултра национализам во моментов и некакви национал романтистички повторни востанија. Така да, мислам дека Али Ахмети е во каша до гуша. За да искочиш и да кажеш нешто мора да има некаква содржина и тежина и затоа мислам дека во овој момент Али Ахмети е како мало дете во ќоше збунет, изјави Јонуз.

Декретот на Бајден доаѓа во моменти кога одредени политичари на Балканот се закануваат со можна дестабилизација. Јонуз вели дека дел од тие политичари е и лидерот на ДУИ.

-Али Ахмети е само еден од многуте на Балканот кој заматуваат води во актуелниов момент. Тука е и Додик, тука е и друг, тука е и трет итн. Мислам дека пораката повеќе се однесува на една филозофска порака, а тоа Балкан онаков каков што е ни треба во моментов и не талајасајте многу. Тоа е пораката, затоа што Американците имаат многу други проекти во моментов кои си ги тераат, изјави Јонуз.

Фаризи вели дека од САД стигнала јасна порака дека секој кој се обидува да удри по уставниот поредок ќе биде санкциониран.

-Од Џо Бајден изјави, односно решил сите луѓе кои што се против уставниот поредок на државата и кои што прават дестабилизација, бидејќи тоа е поврзано директно со дестабилизацијата, криминалот и корупцијата да не ги заборавиме тука, тогаш утре дента сите ги избришаа, бидејќи тоа е директно удар кон ДУИ и нивните приврзаници, вели Фаризи.

Бајден издаде декрет за земјите од Западниот Балкан со кој ќе се стават на американската црна листа сите поединци кои работат против клучните договори во регионот. Декретот им дава овластување на сојузните власти да блокираат имот и да им забранат влез на сите лица за кои Вашингтон ќе процени дека работат на штета на клучните договори во регионот, вклучувајќи ги и Преспанскиот и Охридскиот рамковен договор.

Матеја Петровски