Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Прилози

ДУИ во паника: Симболот на криминалот и корупцијата во Македонија, сака да се врати во власта за спас од сторените криминали

Паниката на ДУИ испливува на површина. Наместо визија за иднината и решавање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Паниката на ДУИ испливува на површина. Наместо визија за иднината и решавање на локалните проблеми, интегративците единствено размислуваат за Илинденска и некако да се вратат во Владата. Нивната главна цел е заштита на криминалите сторени минатите години. Според познавачите враќањето на партијата на Али Ахмети во власта е невозможно, бидејќи тие по две децении владеење, се препознатливи како симбол на криминал и корупција.

Политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи за Алфа вели дека ДУИ само гледаат како да ги спасат клиентилестите во своите редови, па продолжуваат со истата, веќе видена реторика од 2024-та година. Тогаш пред парламентарните избори тврдеа дека остануваат во власта, но заминаа во опозиција.

-Тие очигледно немаат научено од историјата, од минатото, дека не можат да наметнуваат тие кој ќе биде дел од власт, кој нема да биде дел од власта, имајќи предвид дека за да бидеш дел од власта, треба некој да те покани да бидеш дел од власта. А особено тие не се дел од власта од една причина, бидејќит тие функционираат како криминална политичка партија. Значи постои огромна разлика помеѓу овие што се на власт и тие што сакаат да дојдат на власт, изјави Фаризи.

Реклама

ДУИ се обидуваат да постават еден вид монопол врз гласовите кај албанскиот политички блок. Според Фаризи, Ахмети нема никаква основа за такво нешто, бидејќи во моментов интегративците не се главна партија ниту во својата коалиција.

-Во таа коалиција како се вика АКИ, секој ден која прекрстуваат и преименуваат, не е ДУИ политичка партија која треба да ги повика Албанците да има предвремени парламентарни избори. Во таа коалиција моментална Алијанса е главна политичка партија, така што ДУИ таму веќе е минорна политичка партија, а така ќе биде после локалните избори каде најверојатно ќе ги загубат Тетово и Чаир, изјави Фаризи.

Инаку, од ДУИ продолжуваат да ги повторуваат истите тези кои веќе им станаа редовен декор во предизборието, дека преку емисари им пристигнувале пораки повторно да бидат дел од власта, по локалните избори и дека ќе има предвремено парламентарно соочување.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека предвремени избори нема да има и дека интегративците се користат со евтини трикови, со цел прикривање на паниката пред сигурниот изборен пораз.

Матеја Петровски