Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Прилози

ДУИ во паника: Откако Груби избега во Косово, Ахмети отиде во Приштина да го земе „клучот на градот“

Откако Артан Груби го зацрни, Али Ахмети замина кај него во Косово.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Откако Артан Груби го зацрни, Али Ахмети замина кај него во Косово. Последните случувања во ДУИ покажуваат дека партијата се наоѓа во класичен нокдаун. Во Мала Речица владее паника затоа што решението на САД да го стави Артан Груби на црна листа, е удар кој тешко ќе го преживее партијата на Али Ахмети. За многуминуиан негвото патување во Приштина е поврзано со последните случувања, односно заминат е да вбара помош. За патувањето на Ахмети на Косово на социјалните медиуми се пофали извесен Исмет Сулејмани, новодно косовски бизнисмен, кој објави фотка со лидерот на ДУИ.

-Историско кафе со Али Ахмети во Приштина. Утринско кафе во Приштина со лидерот на народот, татковината и албанската нација, мојот пријател Али Ахмети и генералниот секретар на ДУИ, Фатон Ахмети, напиша Сулејмани на Фејсбук.

За посетата на Ахмети на Косово молк од ДУИ, а и самиот тој нема објавено ништо на социјалните мрежи. Од она што го јавува косовскиот медиум „Економија онлајн“, на Ахмети од страна на градоначалникот на Приштина, ќе му биде врачен клучот на градот. 

Реклама

За последните случувања ескпертите сметаат дека самите пораки и од американската амбасадорка Анџела Агелер, покажуваат дека интегративците се во повеќе од незавидна ситуација.

-Практично ДУИ со црната листа што ја објави Стејт Департментот е во нокдаун и многу е тешко да се опорават. Значи црната листа му ги делигитимира сите наративи. Земајќи ја предвид црната и вчерашната изјава на госпоѓа Агелер, дека веќе е јавна тајна и јас не се чудев, бидејќи сите знеме кој е корумпиран, практично ќе биде невозможно да докаже некаква невиност, изјави новинарот Џенур Исени за Алфа.

По заминувањето во опозиција главната игра на ДУИ е национализмот, односно секој можен потег во државата го сметаат за напад на Албанците. Според Исени оваа реторика не само што веќе не проаѓа кај албанското гласачко тело, туку со последните случувања пукна како балон.

-ДУИ е во постојан пад и тешко дека ќе се состават. Јас 100 посто сум сигурен дека им следува дебакл и на локалните избори, земајќи ги во предвид и нарушените односи со СДСМ и нарушените односи со ВМРО, но и нарушените односи со меѓународниот фактор. На ДУИ ќе им биде многу многу тешко да опстанат и да го задржат ова гласачко тело го има, особено сега кога клиентилистичките гласови веќе не се на страната на ДУИ, изјави Исени.

Стејт департментот соопшти дека Груби и судијата Енвер Беџети се ставени на црната листа, бидејќи за нив има докази дека се вмешани во криминал и корупција.

Матеја Петровски