Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Прилози

ДУИ тешко ја прифаќа опозицијата: Утре ќе си прават приватна паралелна прослава на Рамковниот

Две паралелни одблежувања на Рамковниот договор. ДУИ очигледно тешко ја прифаќа реалноста…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Две паралелни одблежувања на Рамковниот договор. ДУИ очигледно тешко ја прифаќа реалноста дека замина во опозиција, па наместо да присуствува на државното одбележување на Охридскиот договор, во Скопје ќе си организираат нивни приватен настан. Министерот за здравство Арбен Таравари вели ова не е ништо ново кога ДУИ е во прашање, секогаш се обидувале сите историски настани да си ги приватизираат за нив. Порача дека сите од кај интегративците имаат отворена покана да учествуваат на одблежувањето организирано од државата.

-ДУИ некако секогаш имало тенденции да ги приватизира одредени настани, се уште не можат да прифатат дека се опозиција, меѓутоа им треба време и ќе се навикнат на тоа, ќе прифатат. Приватни журки, забави може секој да организира, ние ги повикавме на утрешниот настан кој што го организира Владата на Република Македонија, добредојдени се, а приватни журки нека продолжат нека си организираат, историските настани никогаш не биле приватна припадност на некој, секогаш ќе бидат настани кои што им припаѓаат на граѓаните кои што живеат тука, изјави Таравари.

Сепак по се изгледа јасно е дека ДУИ нема да ја прифати оваа покана, веќе и самите најавија дека утре ќе организирале како што ја нарекуваат Академија на која што ќе се збори за легитимноста, односно најавуваат продолжување на реториката, дека власта во Македонија била нелигитимна, од причина што тие само не се на власт.

Реклама

-Утре, вторник, 13 август 2024 година, со почеток во 12:00 часот во Скопје, по повод 23-годишнината од Охридскиот мировен договор, Европскиот фронт организира Академија за легитимност и ве покануваме да учествувате, соопштија од ДУИ.

Инаку, од страна на Министерството за животна средина каде министер Изет Меџити ќе бидат организирани два настани по повод Рамковниот договор. Ќе има панел дисускуја на која ќе учествуваат Меџити, министерот за локална самоуправа Златко Перински, професорите Ризван Сулејмани, Нано Ружин, Африм Османи и Бујамин Бела. Потоа, вечерта свечен настан ќе има и во музејот на современа уметност, каде свое обраќање ќе има Изет Меџити.

Матеја Петровски