Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Прилози

Дуално образование и во втор и трет циклус на студии, предвидува новиот закон за високо образование

Образование по мерка на бизнисот. Со новиот Закон за високо образование, за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Образование по мерка на бизнисот. Со новиот Закон за високо образование, за првпат се предвидени втор и трет циклус стручни студии, како и кратки студии за специјализација во одредени професии, согласно потребите на пазарот на труд.  Министерката Весна Јаневска објасни дека ќе бидат опфатени главно техничките струки.

Новиот закон предвидува кратки стручни студии во траење од една и пол година, со 90 ЕКТС кредити, наменети за специјализација во конкретни области и професии. Стандардните стручни студии што постоеја и досега остануваат, и тие ќе траат три или четири години.

Според министерката, овој принцип на школување се воведува и на факултетите не само зашто тоа го бара бизнис заедницата, туку и затоа што дуалното образование, како модел, дало одличен резултат во средните стручни училишта.

Реклама

„180 кредити прв циклус, втор циклус на стручни студии првпат во државата и трет циклус на стручни студии исто така првпат во државата, дополнително предвидува кратки студии за специјализација во одредени области, односно поконкретно во одредени професии. Бизнис заедницата го бара тоа, поучени од одличните резултати кои ги дава дуалното образование“, изјави Весна Јаневска, министерка за образование.

Стопанска комора ги поддржува измените.

05:01 Да направиме симбиоза која што е потребна меѓу бизнисот и неговите потреби за кадар, што ќе може да биде вклучен во процесот на производство и образованието. 05:39 Ние како  комора сме тука да го помогнеме овој процес и ќе го правиме тоа врз база на комуникации   контакти и компаративни споредби со земји кои тоа го прават побрзо и на подобар начин“, изјави Бранко Азески, претседател на Стопанска комора.

Бројките говорат за континуиран и динамичен раст на дуалното образование. Во учебната 2019/2020 година биле вклучени само 11 компании, додека минатата година бројката надмина 1.000 компании.