Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Државно – политичкиот врв упати честитки, од СДСМ ниту збор за празникот

Да се почитуваме еден со друг, оти без нас сите, нема македонска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Да се почитуваме еден со друг, оти без нас сите, нема македонска држава – кажа првиот човек на државата, Гордана Сиљановска Давкова во честитката по повод 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба.

„Денес, кога го живееме нивниот сон, да не заборавиме дека државноста е тешко стекната, дека не ни е подарена и треба да се брани со демократски инструменти, наместо со оружје, како некогаш. Да се почитуваме еден со друг, оти без нас сите, нема македонска држава“ вели Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата

На граѓаните празникот им го честиташе и претседателот на Собранието, Африм Гаши, и им порача дека без разлика на национална, верска, родова или политичка припадност, предизвик е постојано да ги унапредуваме демократските процеси.

Реклама

„Денешната генерација во нашата земја се соочува со нови искушенија и цели. Нашата стратешка цел сега е полноправно членство во ЕУ и натамошно етаблирање во НАТО“ вели Африм Гаши, претседател на Собрание

Потребно е да работиме за да донесеме иднина, да ја закрепнеме државата, да овозможиме правда, и економски просперитет, посочи премиерот, Христијан Мицкоски во честитката по повод празникот.

„Да не го губиме времето на поделби и прашања кои не разединуваат, туку посветено да работиме за подобар живот, повисок стандард и да создадеме општество на можности и почит. И ова е заедничката битка во остварувањето на целта..Народот да живее подобро и секој атом да го насочиме кон создавање на посветла иднина каква граѓаните заслужуваат“ вели Христијан Мицкоски, премиер

Од СДСМ и нејзиниот претседател, Венко Филипче, ни збор за празникот. Алфа побара објаснување, портпаролката Богданка Кузеска ни кажа дека ќе праша зошто нема и дали ќе има честитка, засега нема дополнително објаснување.

Честитки по повод празникот упатија министри, пратеници, градоначалници, функционери, партии и организации.

Давид Крстевски