Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Економија

Државниот правобранител не знае дали дал „aмин“ за четирите „стратешки инвестиции“

Државниот правобранител не знае дали дал „aмин“ за четирите стратешки инвестиции за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот правобранител не знае дали дал „aмин“ за четирите стратешки инвестиции за кои експертите предупредуваат дека можат да ја загрозат енергетската независност на Македонија.

За вакво важно прашање Агрон Речи, првиот човек на институцијата која би требало да се грижи за заштита на имотот и интересите на Македонија, вели дека не е сигурен како и дали постапил.

Реклама

Во телефонски разговор со државниот правобранител ни беше побарано време да проверат за што станува збор, но до емитување на овој прилог не добивме одговор .

Инаку законот за стратешки инвестиции кој си го напиша Владата пред четири години изричито наведува дека за било кој договор е потребно позитивно мислење од Државниот правобранител.

Владата донесува одлука за утврдување статус на стратешки инвестиционен проект и дава согласност на предлог-договорот за стратешки инвестиционен проект и го утврдува текстот на предлог – законот со кој се уредува реализацијата на стратешкиот инвестиционен проект по претходно добиено позитивно мислење од Државно правобранителство, стои во законот за стратешки инвестиции

Ова е само еден од спорните моменти во законите кои се по скратена постапка во Парламентот.

Компанијата Аим Греен Тецх Скопје која треба да гради комбинирани соларни и гасни централи на неколку локации добила лиценца од Регулаторната комисија за енергетика во ноември лани.

Според законот, за да биде прогласена за стратешки партнер, компанијата треба да достави завршни сметки во последните три години, веројатно како вид на гаранција дека инвеститорот си ги плаќа на време сите доспеани обврски. Со оглед на тоа дека компанијата врши енергетска дејност речиси четири месеци се поставува прашањето како ја стекнала довербата во Владата?

–  Со согласност на стратешкиот инвеститор со која се овластува Комисијата да прави проверки и контроли на податоците претставени во портфолиото на стратешкиот инвеститор, – годишни сметки (биланс на состојба, биланс на успех и извештај за готовински тек) за последните три финансиски години на стратешкиот инвеститор и на компанијата која е сопственик на стратешкиот инвеститор, – банкарска гаранција за реализирање на стратешкиот инвестиционен проект во висина од 3% од вредноста на приватната инвестиција, – потврда дека инвеститорот ги платил сите доспеани обврски, обврските за пензиско и здравствено осигурување и други јавни давачки, не постари од 30 дена, – потврда дека не е отворена стечајна или ликвидациона постапка, стои во законот

Спорни се и другите три инвестиции прогласени за стратешки, а најконтроверзна од сите е изградбата на комбинираната централа во Скопје од Митилинеос, покрај тоа што целата произведена струја и топлина Македонија има обврска да ја купува дури и да нема потреба во мрежата, доплонително и на наш грб ќе паднат еколошките такси од кои се ослободени сите наведени инвеститори, зашто тие така барале, а оваа компанија треба да добие и 50 милиони евра неповратна државна помош во кеш.

На инвестирторите ќе им даваме и логистика за инфраструктура, а ќе се лобира кај меѓународните кредитори и експропријација.