Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Прилози

Државната помош за учениците остана само на билборди – сметките празни, инстутуциите молчеливи

Државната помош за учениците остана напишана само на билборди . Власта троши…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државната помош за учениците остана напишана само на билборди . Власта троши пари за да се рекламира со предизборниот пакет антикризни мерки, а сметките на средношколците и основците останаа без парите.  Учениците кои доаѓаат од семејства каде вкупниот приход не надминува 50 илјади денари, требаше да добиваат од 1200-1800 денари од декември минатата година, но најголем дел воопшто не добиле ниту денар. Социјалните мрежи „зовреа“ , родителите остро реагираат дека власта ги излажала:

Ноември, декември, јануари ни денар немаме земено, а сега па документи даваме за февруари, пари којзнае кога . Каква државаа е оваа си играат мајтап со народот или може гледаат кој точно колку зема, вака им е поубаво да им ги однесат лично докуметите да не се малтретираат .

Во јануари имаше една уплата, после ништо.

Реклама

Не ниту за еден месец немаат пуштено,а изгледа нема ни да пуштат вопшто си играат играчки со луѓето

Ни еднаш до сега немам добиено

Ништо, а каде да се пожалиме, или ова е мајтап за народот ?

Што се случува и зошто доцнат исплатите, од МОН втор ден молк на прашањата од Алфа. Минатиот месец од ресорното министерство во дел од медумите се правдаа дека имало грешки во податоците испратени од училиштата.

Според јавниот повик, секој родител сам си  ги обезбедуваше и ги пополнуваше потребните документи па ги испраќаа во училиштата од каде беа препраќани во МОН.  Рокот кој им беше даден на родителите за сите документи беше прекраток, па се случуваше и страната на Министерството каде всушност беа наведени потребните критериуми воопшто и да не се отвора.

Со  деветтиот пакет антикризни мерки, за кој голем дел од експертите го критикуваа дека е само предизборен поткуп, се опфатени 105 илјади ученици. Вкупната помош за граѓаните и стопанството која треба да  трае до пред изборите „тежи“  662 милиони евра.