Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Државната лотарија водена од кадар на ДУИ склучи нови договори тешки 11 милиони евра

„Падна“ џек – пот на лотарија, ама на тендери. Државна лотарија продолжува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Падна“ џек – пот на лотарија, ама на тендери. Државна лотарија продолжува да троши фантастични суми народни пари за набавка на нова опрема. На само два дена пред изборот на техничката влада, објавија дека ќе потрошат дури 11.800.000 евра за набавка на видеолотариски терминали за приредување игри на среќа. Оваа набаква доаѓа откако минатата година, истата институција, која е предводена од Прпарим Бајрами, близок човек на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби склучи тендер со 19 годишен претрпиемач од Куманово, за слична набавка на машини за коцкање.

Сега  станува збор за рамковна спогодба со три фирми која треба да се реализира во наредните 3 години .  Државна лотарија еден ВЛТ апарат според договор склучен со Euro Games Technology  ќе го плати 8.560 евра , кеш деск 720 евра, дистанцер 600 евра и еден стол 440 евра . Договорот со оваа фирма „тежи“ 6.053.496 евра .Во вториот договор со фирмата Synot W ВЛТ апарат тип 2 чини 9.290 без ДДВ тие ќе се „офајдат“ со 3.565.902, a во третиот склучен договор со Pate Play Tech Ltd, за тип 3 на ВЛТ апарат е 7.700 евра, вкупно договорот чини 2.180.602

Покрај овие три договори, само во јануари годинава Лотарија потрошила скоро 77 илјади евра за надворешно рекламирање на Џамбо автобуси, а за рекламирање на бновите интернет игри потрошиле 115.122 евра. Не штеделе ни за  сервисирање на клима уреди во јануари – за поправка платиле 5,756 евра.

Реклама

Иако, за скандалите во лотарија цело време се пишува и предупредува, а истражните органи се уште не повеле никаква постапка.

Јавноста уште и не добила одговор за наводите дека Државна лотарија го изнајмила деловниот простор од поранешниот ресторан Фестина во Визбегово за  21 илјада евра месечно за објект во скопско Визбегово и тоа за период  од 10 години  или договор тежок 2,6 милиони евра со компанија блиска на ДУИ. Мрежата на фирми како што беше објавено во медиумите завршува кај бизнис партнери поврзани со зетот на Али Ахмети, Куштрим Смајлај. Прпарим Бајрами  претходно склучи договор и со Арберија Дизајн, која е омилена фирма на ДУИ и редовно добиваше тендери од коалицијата СДСМ-ДУИ.  Секако објаснување за сите случаи  и воопшто дали се вистина или не никој никогаш не даде.

Кристина Алексиеска