Реклама
Прилози

Друштвото на филмски работници парите од чланарини ги трошело без усул и за чалам

Друштвото на филмски работници на Македонија, под раководство на Игор Иванов Изи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Друштвото на филмски работници на Македонија, под раководство на Игор Иванов Изи и Томи Салковски, парите од членарина, како и оние доделени од државниот буџет, ги трошеле на луксузни ресторани, изнајмување возила, патарини и патни трошоци, стои во извештаите за нивното финансиско работење до кои дојде Алфа.

Ова го потврдува и поранешниот претседател на надзорниот одбор, Никола Мадиќ, кој вели дека бил разрешен од функцијата и исклучен од друштвото, откако започнал да се интересира за финансиското работење на ДФРМ. Неговото исклучување е прв ваков случај во седум децениското постоење на друштвото.

  • „Видовме дека некои работи не се поклопуваат во однос на цифрите. Во рекапитуларот стоеше сума приближна до 1.400.000, додека во останатите страници беа наведени само суми кои што се само од уплата од членовите на ДФРМ и некои ситни банкарски провизии и адвокатски трошоци. Тоа беше повод да, надзорниот одбор ги побара извештаите за финансиското работење на друштвото и да се види што се случува, бидејќи имаше некомпатибилност помеѓу рекапитуларот и останатите страни.“ – Изјави продуцентот и поранешен претседател на надзорен одбор во ДФРМ, Никола Мадич

Мадиќ вели дека додека бил на функцијата во неколку наврати се обидел да си ја изврши должноста, односно да направи увид во тоа, како Игор Иванов и Томи Салковски ги користат народните пари, но тие не му ги доставиле извештаите, па морал да ги бара од Агенцијата за филм, која е последна дестинација на овие документи.

Реклама
  • „На повеќе места се трошени средства ненаменски, согласно договорот кој што е потпипшан на 18.06.2018 година, можеше да се види дека не се поклопуваат работите во однос на тоа, за што треба да се трошат. Од тие причини, на состанок на надзорниот одбор, ние во допис до министерството за култура, Агенцијата за филм како и до ДКСК, побаравме министерството да утврди, дали тие средства се потрошени наменски и согласно договорот со агенцијата за филм.“ – Додаде Мадиќ.

Државната комисија за спречување корупција, како и Државниот ревизор, по овие пријави дадоа крајно негативни извештаи за тоа, како Агенцијата за филм ги раздава народите пари. Истото го направи и Министерството за култура, но тогашната Влада не презеде ништо.

  • „Индикативно е дека Агенцијата за филм, склучила меморандум и договор за финансирање само на ДФРМ, а не и на некое друго здружение од областа на филмот, иако во РСМ постојат повеќе такви здруженија.
  • Државниот завод за ревизија утврдил и дека Агенцијата за филм, не врши контрола на наменското и законското користење на средствата што ги исплаќа на ДФРМ.“ – Стои во надзорниот извештај на Министерството за култура.

Откако раководството на ДФРМ го исклучи Мадиќ од друштвото, на негово место, претседател на надзорниот одбор доаѓа Бранко Петровски.

За него, инспекторите од Култура утврдиле дека имал судир на интерси, бидејќи истовремено во Агенцијата за филм одлучувал кој ќе земе пари од државата а кој не. Истиот бил назначуван за финансиски советник во Филмскиот фонд седум години по ред, иако Законот за филмска дејност го ограничува мандатот на само една година и бара за секој конкурс да биде назначена друга личност.

Никола Цветкоски