Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Драматичен развој во земјоделскиот сектор – Стопанската комора предлага итни мерки

Распределба на субвенциите, не по површина, туку по предаден килограм производ во…

Сподели:

Распределба на субвенциите, не по површина, туку по предаден килограм производ во регистрирани преработувачки капацитети, промена на сортиманот, окрупнување на земјиштето, инфраструктурно уредување и дигитализација на руралните средини, како и поддршка на големите компании, се клучните препораки на Стопанската комора за развој на земјоделството кое се соочува со еден куп проблеми.

Производство на пченица речиси и да нема, млечната индустрија работи отежнато, сточниот фонд драстично се намалува, а се зголемува увозот на месо, а згора на се, се работи со застарена технологија, алармираат стопанствениците. Велат потребна е итна дигитализација и модернизација за заживување на агро секторот.

  • Од 20 милиони евра поддршка во 2006 година до скоро 200 милиони денес, потрошени се речиси една милијарда евра за земјоделството, но резултатите се поразителни. Начинот на субвенционирање мора да се смени за конечено да се разграничат вистинските земјоделци, професионалците, од оние кои добиваат поддршка, но не прават ништо за развој на производството. Мора еднаш да се направи пресек за некои работи, што можеби е болно, но само така за кратко време фармерите ќе се преструктуираат и ќе тргнеме во вистина насока ако сакаме да движиме кон ЕУ. Доста беше веќе традиционално производство, треба да се поддржат бизнис ориентираните, професионални производители, истакна Васко Ристовски, од Стопанска комора на Македонија.

Македонското земјоделство изеде една милијарда евра за субвенции во аграрот за изминатите години, но без никаков резултат, алармираат бизнисмените. Редно е, велат, од традиционално, да се премине на професионално земјоделство, кое ќе треба да го поддржи и државата. Ќе мора да се донесат сет координирани мерки за да тргнеме по вистински пат.

Реклама
  • Потребно е интервентно решавање на суштинските проблеми во млекарството и месната индустрија, мелничарството и винарството за да се зачуваат сточниот фонд, лебното жито и лозарството. Дури потоа може да се размислува за стимулативни мерки кои ќе носат раст, посочи Ристовски.

И додека стопанствениците бараат итни мерки за спас на секторот, се помалку млади земјоделци остануваат на македонските ниви. Проблемот не бил само работата, туку пласманот и откупните цени. Сметаат дека со загарантирани цени добар дел од младите ќе се вратат на нивите и ќе го модернизираат земјоделското производство.

Инаку, компаниите од агро секторот по првите месеци од пандемијата кога беа откажани голем дел од нарачките, полека се консолидираат, но за закрепнување велат потребно е време, но и помош од државата.

Борис Грујоски