Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Драги Рашковски фатен со 20.000 евра при влез во Македонија – половина од парите му биле одземени

Поранешниот генерален секретар на Владата предводена од Зоран Заев, Драги Рашковски, на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поранешниот генерален секретар на Владата предводена од Зоран Заев, Драги Рашковски, на граничниот премин Ново Село, влегувајќи од Бугарија во Македонија, е фатен со 20.000 евра кеш кои, како што дознава Алфа, претходно не ги пријавил на царина.

Како што предвидува законот, поголемиот дел од парите му се запленети и ќе му биде поднесена соодветна пријава. Дел од медиумите објавија дека Рашковски со парите бил фатен на границата со Грција.

Драги Рашковски на својот профил на Фејсбук демантира дека бил задржан на граница во обид да изнесе 20.000 евра од Македонија во Грција:
„Во врска со некои натписи на медиумите дека сум задржан на граница со Грција, се апсолутна невистина. Станува збор за легално пријавени средства на царинскиот службеник, со извод од банка, кои се внесуваат во државата, а не се изнесуваат. Ве молам како медиуми да не ширите невистини“, напиша Рашковски.

Реклама

Кривичниот суд на 6 јули 2023 донесе пресуда за случајот „Софтвери“, во кој првообвинет беше токму Рашковски. Тој беше осуден на казна затвор од осум години за спорни тендери, набавка на софтвери и исплата на хонорари. За злоупотреба на службената положба е осуден на седум години затвор, а за делото перење пари – една година и шест месеци затвор.

По измените на Кривичниот законик, Рашковски се жалеше на апелација, пресудата од осум години падна, па сега е вратена на повторно судење.