Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

ДПТМ: До ДИК официјално ја поднесовме кандидатурата на Аријан Ибраим за градоначалник на Центар Жупа

Во пресрет на повторените локални избори што ќе се одржат на 11…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во пресрет на повторените локални избори што ќе се одржат на 11 јануари во четири општини, денес официјално ја поднесовме кандидатурата на нашиот кандидат за градоначалник, Аријан Ибраим, во Државната изборна комисија, за Општина Центар Жупа – тврдината на Демократската Партија на Турците, се вели во соопштението од ДПТМ.

Центар Жупа е општина во која со години заеднички вложуваме труд, доверба и посветеност. Нашиот кандидат Аријан Ибраим, преку својата работа и пристап, ја стекна и ја зацврсти поддршката на граѓаните. Уверени сме дека и на овие избори ќе продолжиме по истиот пат, со истата одлучност и посветеност.

Веруваме дека на 11 јануари, со уште поголема излезност и уште посилна поддршка од нашите сограѓани, Центар Жупа повторно ќе победи. Нека овие избори бидат успешни и благотворни за нашиот народ, за државата и за целото наше членство. На нашиот кандидат и на општинската организација им посакуваме искрен успех.

Реклама

Со силна вера и искрена желба, со нетрпение очекуваме повторно да прославиме голема победа во Центар Жупа. Цврсто веруваме дека оваа победа ќе ја постигнеме заедно со народот на Центар Жупа.