Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

ДПД Кочани доби ново противпожарно возило како донација од Германија

Доброволното противпожарно друштво Кочани од денеска е побогато за уште едно противпожарно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доброволното противпожарно друштво Кочани од денеска е побогато за уште едно противпожарно возило, кое пристигна од Унтершлајсхајм, Германија. Станува збор за донација од Доброволното противпожарно друштво Унтершлајсхајм. 

Возилото е марка „Mercedes-Benz“ и претставува автоцистерна со капацитет од 5.000 литри вода и погон на сите шест тркала (6×6), што го прави особено соодветно за интервенции при пожари на отворен простор и шумски пожари. Ова е седмо противпожарно возило во возниот парк на ДПД Кочани.

Од друштвото информираат дека трошоците за транспорт, како и обврските за плаќање на данок и царински давачки, биле целосно покриени од страна на ДПД Кочани.

Реклама

-Со ова возило, ДПД Кочани значително ги зголемува своите оперативни капацитети, како и ефикасноста и брзината на интервенција на терен. Традиционално, новото возило беше свечено пречекано од останатите возила од возниот парк со воден мост, истакна денеска претседателот на кочанските доброволни пожарникари, Златко Илијев. 

Тој упати благодарност и до братските противпожарни друштва – ДВД Борово од Хрватска, како и ДВД Стапар и ДВД Мраморак од Србија, истакнувајќи дека нивната поддршка и соработка имаат значаен придонес во оваа организација.