Реклама

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Македонија

Дожитен затвор за 59-годишниот кочанчанец кој со 40 убоди со нож уби сограѓанка

Казна доживотен затвор за убиецот на 46-годишната кочанчанка Танкица Младеновска која лани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Казна доживотен затвор за убиецот на 46-годишната кочанчанка Танкица Младеновска која лани во септември свирепо беше убиена пред куќата во која живеела. Основниот суд во Кочани  донесе осудителна пресуда за кривично дело – убиство извршено при родово базирано насилство, информираат денеска од Основното јавно обвинтелство.

 Усеин Рашидов се сомничеше дека на 25 септември минатата година  во раните утрински часови , пред  жената да замине на работа, ја начекал и со кујнски нож, нанесувајќи и над 40 убоди по телото ја лишил од живот. Рашидов по убиството ја почекал полицијата и се предал. Агонијата на жртвата која е мајка на три деца траела седум години. Живеела со постојани закани и била уценувана со наводно компромитирачки фотографии. Иако во април минатата година дури и го пријавила, нејзината пријава не била сфатена како животозагрозувачка. Тогаш од ОЈО брефираа дека била уценувана во врска со кредит и дека немало закани по нејзиниот живот и загрозување на сигурноста.

По убиството здруженијата за женски права реагираа и бараа овој случај да биде окфалификуван како фемицид, што преставува и најтежок вид на родово базирано насилство.

Реклама

Освен за убиство, 59 годишниот Усеин Рашидов, Основното јавно обвинителсство  го товари и за уцена, но тој не го признал ова кривично дело. Постапката е раздвоена и за тој дел од обвинението ќе продолжи судска постапка.

Александра Ристевска