Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Економија

Дождот малку помогна за реколтата тутун, уште се бере, а квалитетот е висок

Последните дождови за 5 до 10 проценти ќе го зголемат годинашново производство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Последните дождови за 5 до 10 проценти ќе го зголемат годинашново производство на тутун, но не може да се надомести намаленото количество поради сушата. Тутунарите интензивно го берат врвниот род кој е најквалитетен. Сите надежи се во високиот квалитет кој треба да даде повисока цена.

-Дождот колку-толку ја подобри состојбата. А оние кои наводнуваа подобро ќе поминат.Квалитетот е добар, па ќе видиме како ќе помине при откупот, вели прилепскиот тутунопроизводител Илија Јаковлески. Смета дека сѐ уште е исплатливо производството.

Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделски здружернија истакнува дека со последните дождови најмногу може да се достигне реколта до 21 000 тони, иако со склучувањето на договорите со откупувачите се очекуваа околу 27 000 тони тутун. Но квалитет е на високо ниво штоодамна не се случило.

Реклама

-Дождовите беа задоцнети и минимално ќе ја подобрат состојбата со годинашнава реколта тутун. Сушата го намали родот за 30 проценти, сега состојбата малку е подобрена, за 5 до 10 проценти и рекоктата може да достигне до 21 000 тони. Сета надеж е временските услови да им овозможат на тутунарите да го доберат тутунот, има уште 20-тина дена берба,а и во високиот квалитет што одамна не се случило, вели Ристески.

За стимулирање на тутунопроизводството ќе помогнат последните законски измени со кои се забрани увоз на тутун додека трае откупната кампања.

-Откупот почнува на 15 ноември и е до 28 февруари. Во тој период забранет е увоз на тутун што е големо достигнување за развој на оваа земјоделско-индустриска гранка. Сега само времето да помогне да се дособере родот од нивите, вели Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија.