Реклама

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Македонија

Дожд, снег и минусни температури: УХМР со предупредување за претстојниот викенд

Иако календарски сè уште е есен, денеска Македонија се разбуди со сцени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иако календарски сè уште е есен, денеска Македонија се разбуди со сцени што повеќе наликуваат на декември, отколку на почеток на октомври. На превојот Стража падна првиот снег за оваа сезона, создавајќи зимска глетка која изненади многумина. Возењето на овој дел од патот е отежнато, а снежна покривка е забележана и во скијачките центри Попова Шапка и Маврово.

Фотографии и видеа од побелени патишта веќе се споделуваат на социјалните мрежи, а ситуацијата дополнително се комплицира поради ниските температури и маглата. Граѓаните сè уште не ги имаат подготвено возилата со зимска опрема, со оглед на тоа што таа станува задолжителна дури од 15 ноември. Затоа, апел до сите возачи да внимаваат при возење на планинските превои.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека утре доаѓа влажен и студен бран од север, кој и во наредните денови ќе го задржи нестабилното време. Според прогнозата на УХМР, и утре нè очекува облачно и студено време со врнежи од дожд, кои на планините ќе преминуваат во снег. Поради дополнително спуштање на студен воздух, можна е појава на снег и на некои од повисоките места во земјава.