Реклама

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

Економија

Доновска Гечева: Народната банка активно развива модерен и сигурен платен систем

Дигитализацијата на плаќањата бележи постојан напредок во изминатиот период, поддржан од активната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дигитализацијата на плаќањата бележи постојан напредок во изминатиот период, поддржан од активната улога на Народната банка во унапредувањето на платежната инфраструктура, како и од инвестициите на банките во современи технолошки решенија- ова го истакна директорката на Дирекцијата за платни системи Биљана Доновска Гечева, во интервју за емисијата „Бизнис објектив“.

Таа нагласува дека Законот за платежни услуги и платни системи овозможи влез и на нови даватели на платежни услуги и придонесе за поголема конкуренција и иновации на пазарот. Исто така, посочи дека со намалувањето на провизиите за користење на дигиталните канали за плаќање од страна на банките, како одговор на активностите на Народната банка за ревидирање на надоместоците, уште повеќе се поттикнува користењето на електронските услуги од страна на граѓаните во 2025 година.

-Безбедноста на плаќањата е системски приоритет на Народната банка и таа не само што ја следи примената на регулативната рамка, туку и постојано се усогласува со европските стандарди за безбедност при плаќањата- истакна Доновска Гечева.

Реклама

Доновска-Гечева ја нагласи проактивната улога на Народната банка во модернизацијата на платниот систем, како дел од идните активности, вклучително и учеството во регионалната иницијатива на земјите од Западен Балкан за воведување инстант плаќања засновани на ТИПС, современото европско решение за инстант плаќања коишто се извршуваат 24 часа секој ден во годината, како и поддршката за развивање целосно дигитални услуги од страна на новите даватели на платежни услуги.

Со овие активности, Народната банка и натаму придонесува кон развивање модерен, ефикасен и сигурен платен систем, ориентиран кон потребите на граѓаните и економијата.