Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Доктор Арсовска: Превенцијата и здравствената едукација на родителите клучни за намалување на случаите со труење од лекови и детергенти кај деца

Вкупно 16 деца со пријавени труења годинава биле згрижени на детското одделение…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вкупно 16 деца со пријавени труења годинава биле згрижени на детското одделение при Општата болница во Куманово. Началничката на детскиот оддел во болницата, д-р Маргица Арсовска, информира дека родителите најчесто бараат помош за дечиња од две до четири години, кои испиле детергенти, лекови, средства за чистење.

– Најчести кај нас се труењата од лекови, без разлика дали станува збор за антибиотици, седативи, лекови за срце или дијабетес. Потоа имаме средства во домаќинството, разни средства за чистење, пестициди, а имаме и деца што јадат растенија. Децата истражуваат, сакаат да ја запознаат околината, но понекогаш тоа значи и дека ќе пробаат нешто што може да биде опасно – вели Арсовска.

Таа посочува дека најчесто станува збор за краткотрајно невнимание на родителите. Арсовска советува правилното складирање на лековите и хемикалиите во домот како мерка за превенција. Во болницата доаѓаат дечиња со полесни симптоми.

Реклама

– Во потешки случаи може да дојде и до губење на свеста, а одредени хемиски средства може да предизвикаат сериозни оштетувања на хранопроводот и желудникот – изјави таа.

Ако блиските се сомневаат дека детенцето испило лек или хемиски средства, тогаш е важно да се понесе кутивчето со лековите или шишето за поефикасно лекување.

– Битно е родителот, ако се сомнева дека детето испило нешто, да го понесе шишенцето или кутијата од лекот, таблетата, да знаеме кој лек е испиен, приближната доза, колку останало во кутивчето и колку време поминало од моментот кога се сомневаат дека детето го испило. Тоа многу влијае во понатамошниот третман – објаснува Арсовска.

Најважно е детето бргу да се однесе на лекар, во првите два часа.

– При труење со хемикалии и детергенти родителите не треба самостојно да предизвикуваат повраќање бидејќи тоа може дополнително да го оштети организмот, особено кај корозивни средства – вели Арсовска.

Особено внимание треба да се посвети на бензинот, разредувачите, детергентите, пестицидите и другите хемиски средства што се користат во домаќинството.

– Сите овие средства треба да се чуваат надвор од дофат на децата, без разлика дали се заклучени или ставени на високо место. Не треба да се менува нивната амбалажа. Ако, на пример, разредувач или боја се префрли во друго шише, детето може да помисли дека станува збор за сок и да го испие. Имаме и такви случаи. Затоа средствата треба да се чуваат во оригиналната амбалажа, со соодветна ознака и на безбедно место – вели Арсовска.

Лековите, средствата за чистење и пестицидите меѓу најчестите причини. Лекарите апелираат на поголема внимателност при нивното чување.

Таа обајснува дека превенцијата и здравствената едукација на родителите се клучни за намалување на ваквите случаи.

– Затоа најважно е родителите да бидат внимателни и лековите и сите потенцијално опасни средства да ги чуваат подалеку од децата – порачува Арсовска.