Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Прилози

Доказ за неселeктивна правда: 50.000 евра му донесоа лисици на директорот Васе Анакиев

Мито од 50.000 илјади евра му донесоа лисици на рацете на Васе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мито од 50.000 илјади евра му донесоа лисици на рацете на Васе Анакиев, директор на Инспекторатот за земјоделие. Тој е осомничен за кривично дело корупција. Ова доаѓа по истрагата која што Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, ја спореведе во координација со Министерството за внатрешни работи. Двете институции ја потврдија акцијата, а детали се најавуваат по завршување на активностите.

-Под координација на јавен обвинител на ОЈО ГОКК во тек е акција на МВР поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа, велат од ОЈО ГОКК.

Пред законот сите се исти, нема веќе селективна правда, сите ќе одговараат ако се огрешиле, порачуваат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Од таму ја поздравуваат акцијата и велат дека на овој начин се враќа довербата во институциите и правниот систем, бидејќи во време на СДСМ и ДУИ јавноста беше сведок на бројки скандали и случаи со криминал и корупција што придонесе за пад на довербата во органите на прогонот.

Реклама

-Секој кој се огрешил пред законот без разлика дали е од СДСМ, од ВМРО-ДПМНЕ или било која друга политичка партија треба да одговара. Сите мора да бидат еднакви спрема законот. Воедно ја поздравуваме акцијата на МВР и ова порака до сите дека со законот нема играње. Дополнително ние не очекуваме ова да го разберат колегите од СДСМ, затоа што тие се уште една иста криминална банда која што сака да дојде на власт, само за повеќе да краде, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

Акцијата на МВР и Обвинителството ја поздравуваат и од Социјалистичката партија на Македонија, коалициониот партнер во власта, од каде доаѓа Анакиев.

-Нашите очекувања од новата демократска власт се во воспоставувањето на владеење на правото и на правната држава, но и во одговорноста во работењето на секој поединец или институција. Социјалистичката партија на Македонија ги повикува надлежните институции да постапуваат според закон, одговорно и без селективност да ги превземаат сите активности во разоткривањето на било кој случај за кој постојат основани сомненија за сторен криминал или злоупотреба на службената должност, порачаа од СПМ.

Доказ дека во државава веќе нема селективна правда е што во само неколку месеци ова е второ апсење на актуелен функционер од власта во делот на земјоделието. На шести ноември минатата година, за примање мито приведен беше директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството Илија Стоилев, функцинер на ВМРО-ДПМНЕ.

Матеја Петровски