Реклама
Македонија

Доделени наградите за најдобрите детски цртежи од ликовниот конкурс на Фондација Рудник САСА

Во Македонска Каменица се одржа завршниот настан и свеченото доделување на наградите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Македонска Каменица се одржа завршниот настан и свеченото доделување на наградите за најдобрите 12 детски цртежи од годинашниот ликовен конкурс „Рудникот и градот низ времето и имагинацијата“, што го реализираше Фондација Рудник САСА. 

На конкурсот годинава се пријавија 90 деца на возраст од 5 до 15 години, жители на општина Македонска Каменица, како и деца на вработените во САСА. За првпат, наместо цртежите да се изработуваат индивидуално, децата твореа во рамки на организирани креативни ликовни работилници, под менторство на локален ликовен уметник – педагог. Овој нов пристап, како што информираа од Рудник САСА им овозможи полесно да ја изразат својата имагинација, да се инспирираат едни од други и да ја прикажат својата визија за рудникот, градот и заедницата. 

-Независна комисија составена од надворешни експерти ги избра најдобрите 12 цртежи, кои најсилно ја отсликуваат поврзаноста меѓу рудникот, природата и секојдневниот живот на жителите. Авторите на избраните дела добија парични награди, а сите учесници беа наградени со благодарници и сетови за цртање и сликање, како охрабрување да продолжат да го развиваат својот талент и љубовта кон уметноста, се вели во соопштението од компанијата.

Реклама

Најуспешните цртежи ќе бидат објавени во официјалниот календар на Рудник САСА за 2026 година, како и во други изданија посветени на младите таленти и локалната заедница. Од Рудник САСА истакнуваат дека конкурсот, кој се организира по четврти пат, претставува значајна иницијатива за поддршка на детската креативност и за зајакнување на врските помеѓу рудникот и Македонска Каменица. 

Фондацијата најавува дека и понатаму ќе продолжи да инвестира во активности кои го поттикнуваат талентот, учењето и заедништвото меѓу најмладите.