Скопје и денеска меѓу 10-те најзагадени градови во светот. Според податоците на платформата Ај кју ер во главниот град штетните ПМ честички се повеќе од три пати над дозволеното. Смогот и лошата миризба во која се гушат скопјани ги крена на нозе сите, освен градоначалничката Данела Арсовска.Нема ниту трага ниту глас – да каже каже дали и што ќе преземе како мајка на градот.Таа иако ветуваше безброј проекти еколошки автобуси, бесплатен јавен превоз, чистење на депонии пешачки зони – јавноста не виде,ниту мерка, ниту проект за почист воздух во Скопје. Еко активистите алармираат дека загрижувачка е состојбата со амбиенталниот воздух, апелираат Арсовска да се разбуди од сонот и итно да преземе мерки за да се спаси главниот град.
“Скопје не може да гледа само интервентни мерки, еве дојде зимо па ајде да се заштитиме.Тоа ви е како да пиеме аспирин за главоболка, а секој ден не боли глава и никако да ни текне дека од нешто друго ни доаѓа главоболката.Ние одма мора да издвоиме огромни средства од буџетот за замена на сите грејни тела што согоруваат дрва и недај боже градежен шут.Дали тоа би било на домаќинствата или сите државни институции кои користат мазут.Финално, треба да се реши и јавниот превоз во градот,знаеме дека ни е болна точка….” вели Горјан Јовановски – еко активист.
Според Јовановски државата со надлежните институции изминатите десетина години речиси ништо конкретно не преземале да ги заштитат граѓаните од отровниот воздух.И тоа кошта илјадници изгубени животи.

Иако во предизборната програма Арсовска гласно убедуваше дека Скопје ќе го направи модерно зелено и чисто. Со нови паркови, спортски зони, пешачки патеки.А како главен проект за градоначалничката беше и набавка на 250 еколоши автобуси – но ништо од ова не реализираше.
“Мора да има системски решенија за загадувањето. На скопјани им е доста од оправдувања дека нема време нешто да се среди. Уште во првите 82 дена од мандатот ќе ги исчистиме дивите депонии каде се согорува опасен отпад. Ќе набавиме 250 еколошки автобуси и ќе го олесниме пристапот до јавниот превоз, а со бесплатниот и квалитетен јавен превоз се очекува намалување на користењето автомобили и сообраќајниот метеж. Ќе бидат воспоставени повеќе пешачки зони во општините, каде што пешаците и велосипедистите ќе имаат приоритет пред автомобилите” кажа Арсовска.
Податоците од ИЈЗ покажуваат дека годишно во Македонија од загаден воздух умираат околу 3.400 граѓани, што е околу 18 проценти од вкупната смртност.
