Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Додека се чека договор за избори, епидемиолошката крива не мрднува на подобро

Црната корона статистика од ден на ден се повторува. За 24 часа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Црната корона статистика од ден на ден се повторува. За 24 часа – тројца мртви, 25 новозаболени со Ковид19. Со ова, бројот на починати во земјава достигна до 104 лица. Бројките се доказ – дека статистиката на ИЈЗ не оди во прилог на тезите дека епидемијата веќе не има одминато, туку напротив според бројките сега зема залет.

“Тоа плато ни трае премногу долго ,бидејќи не се придржуваме за мерките. Сите да се придржувавме, немаше да бидеме плато. Ќе бевме како Словенија. Колку побрзо ја сфатиме заканата од нашето несоодветно однесување толку побрзо ќе има избори” – кажа доктор Милан Ристевски.

И додека власта прави напори за брзи корона избори, докторите предупредуваат дека сега не е време за тоа.

Реклама

“Премногу прашања и премногу страв би имало во овие избори. За да тие можат навистина демократски и легитмно да се одржат. А сето тоа ако некој сака да го злоупотреби без проблем тоа ќе го направи.Се додека мисијата на ОБСЕ не се прекрсти во мисија во Македонија, па макар и Северна јас да сум политичар не би ги пуштил да бидат набљудувачи. Не може да биде мисија во Скопје.А во сите други држави е мисија во Албанија,во Црна Гора итн.” – вели доктор Милан Ристевски.

Македонија останува “црн” рекордер по бројот на починати на милион жители. За 48 часа земјава брои нови 55 ново заразени – тоа потврдува дека во споредба со сите други земји во регионот, нашата земја има најлоши резултати во справувањето со пандемијата, наспроти сѐ уште присутната вонредна состојба и силните ограничувања и мерки за дистанцирање.Со 48 починати на 1 милион жители, Македонија се изедначи со високата бројка на жртви со Словенија, која има 50. Вчера Словенија регистрираше само еден нов заразен, нема нови починати, па се смета дека оваа земја веќе ја има совладано пандемијата. Патем речено со 33.365 вкупно тестирања на 1 милион жители, три пати повеќе од Македонија, Словенија е апсолутен шампион на просторот на поранешна Југославија. И Хрватска забележа само 2 нови случаи, а земјата планира релаксирање на мерките во пресрет на туристичката сезона. Грците исто така имаат одлични резултати. Вчера, во земјата со пет пати повеќе жители од Македонија, има само 15 нови заразени, двојно помалку од кај нас.

 

Ања Василева

https://youtu.be/ZG1o0YWxEjM