Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Додека Македонија трча по роковите, Грција упорно не го спроведува договорот во однос на меморандумите

Ниту отварање на граничниот премин Маркова нога, ниту железничко поврзување на Дојранскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ниту отварање на граничниот премин Маркова нога, ниту железничко поврзување на Дојранскиот регион со Солун, додека во Македонија граѓаните се во хаос со „северните“ документи, Грците мува не ги лази што ништо не исполниле од Преспанскиот договор. Грција досега требаше да ги испорача и ратификува три меморандуми коишто бил  дел од договорот со Македонија.

ТЕЛОП:

Преспански Договор

Реклама

Член 14

Страните ќе настојуваат да ги подобрат и модернизираат постоечките гранични премини, како што тоа го бара протокот на сообраќај, а исто така ќе градат и нови гранични премини, со цел да се поттикне туристичката и трговска размена меѓу нив.

Грците немаат ништо направено од тоа што ветиле откако удрија параф на Преспанскиот договор. Пред 5 години се најавуваше дека граничниот премин Маркова нога ќе биде отворен најдоцна до крајот на 2023, но ништо од тоа. Ова ветување го дадоа поранешните премиери на Грција и Македонија, Ципрас и Заев.

Повеќе од половина век, жителите на Преспа чекаат да се дигне старата рампа за  да заживее туризмот и во овој регион, но попусто.

Грците ветија и железничко поврзување на Дојран со Дојрани, но ништо и од тоа. Македонското стопанство трпи, но за овие 5 години никој од власта не го покрена ова прашање, ниту им побара на Грците да го испорачаат она што ветиле во насока на подобрување на економската соработка.

Таблите Евзони на влезот на Грција како и натписите ФИРОМ или Скопиа наместо новото име на Македонија со географската одредница, се уште се непоместени.

Ама за пасошите експресно пристигна грчкото „Охи“. Пред две недлели, Атина порача дека не само што нема да попушти околу роковите за имплементирање на Преспанскиот договор, туку и ќе инсистира нивно доследно почитување. Како за пасошите со додавката „Северна“, така и со регистарските таблички со додавкат НМК.

За разлика од нив, нашите власти одамна брусеа шахти и натписи од време на античката историја, формираа комисии, менуваа учебници, а сега како јаготката на шлагот е хаосот со личните документи за кои граѓаните ќе плаќаат казни доколку не им се со новото име на државата.