Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

Доцни есенската сеидба на житни култури во Штипско-овчеполскиот регион

Обилните врнежи од дожд и поплавите во одредени региони во источна Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обилните врнежи од дожд и поплавите во одредени региони во источна Македонија ја пролонгираа сеидбата на јачменот и пченицата. Потпретседателот на Асоцијација на земјоделци Гоце Сарафимов вели дека околу 40 проценти од површините не се посеани со жито.

– Есенската сеидба се уште е во тек и не е завршена поради временските услови. Во последно време имаше пообилни дождови и заради тешко се одвива сеидбата. Мислеме дека 40 проценти има се уште за сеење на житарицата, вели Сарафимов.

Земјоделците стравуваат дека задоцнетата есенска сеидба  ќе значи и помалку произведени количини на јачмен за стоката и на пченица, односно лебно зрно.

Реклама

Универзитетскиот професор од штипскиот Земјоделски факултет, Мите Илиевски вели за да се спаси сеидбата, земјоделците треба да почнат и со сеење на пролетни или факултативни сорти на житни култури.

– Производителите да си планираат во први моменти, кога тоа ќе го дозволат временските услови, доколку имаат убав сертифициран семенски матерјал од одредени сорти кои се со вакви карактеристики, односно се со факултативни, со преодни својства да може да се сеат во зимскиот период и во пролетниот период, секако ќе може овие површини да се засеат со одредени сорти, рече Илиевски.

Тој додава дека македонските земјоделците предност даваат на есенската сеидба, бидејќи повисоки се приносите на житните култури. Околу 85 проценти од површините под житарица се посеани во текот на есента. Годишно во просек македонските земјоделци, произведуваат околу 250.000тони пченица. Овие приноси не се доволни, па за да се покријат основните потреби на населението, пченица увезуваме од странство.