Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Доаѓа почетокот на учебната година: Материјалите и приборот за учениците голем товар за едно домаќниство

3 до 4 илјади денари се потребни само за школски прибор за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

3 до 4 илјади денари се потребни само за школски прибор за едно прваче. Во оваа сума не влегуваат новите обувки и облека кои по традиција се купуваат за првиот училиштен ден.

Цените се во постојан раст, па очекувано повисоки се и трошоците на школските реквизити. Во својот ранец едно прваче, како што не информираа дел од наставниците треба да има пет тетратки голем формат кои чинат од 70-80 денари, плус тетратки за почетно пишување кои чинат од 15 – 35 денари. Според проценка на дел од наставниците, дете во прво одделение троши најмалку 10 тетратки за почетно пишување во една школска година. Дополнително потребни се разни математички помагала како логички плочки, сметалки. Најмногу чини школскиот прибор кој што децата го користат за предметот ликовно.

Доколку сакате да купите на пример ранец кој што е брендиран со цртан лик чини околу 2000 денари или двојно повеќе од оној што не е, а истото важи за приборите, без цртан лик чини 290 денари, а брендираните чинат околу 480 денари.

Реклама

Ранец :                                              1000 – 2000 денари

Тетратка голем формат:                70-80 денари

Тетратка за почетно пишување:  15-35 денари

Боички:                                             100 – 280 денари

Фломастери:                                    110-310 денари

Сет прибор:                                      290 – 480 денари

Граѓаните велат дека 1-ви септември значи повисоки трошоци во семејството, дел од нив сметаат дека стартот на школската година  чини и до 10 илјади денари. Покрај за школскиот прибор се трошат и повеќе пари за нова облека и обувки.

За погорните одделенија сумата е поголема зашто треба поспецифичен прибор – линеари, агломери, шестари, атласи и слично.

Учебната година ќе стартува на 2-ри септември, а според најавите ќе може да се здивне од дополнителни трошоци за печатење скрипти. Дистрибуцијата на учебници до училиштата е веќе започната а според МОН, ќе биде завршена пред понеделник. Како што информираше министерката Јаневска учебници нема да има само за странски јазици каде законски неможе да се прекине тендерот.