Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

До Владата доставена нацрт-одлуката за училишна кошничка, попуст до 15 проценти

Подготвена е нацрт-одлуката за воведување на училишна кошничка, која во консултациите со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Подготвена е нацрт-одлуката за воведување на училишна кошничка, која во консултациите со трговците на големо и мало кои продаваат училишен прибор била прифатена како соодветен и практичен модел за намалување на трошоците за родителите пред почетокот на новата учебна година – информира денеска Министерството за економија и труд. 

Согласно предлогот, ќе се понуди училишна кошничка до 15 проценти попуст, а составот и крајната цена на кошничката, посочуваат дека ќе се разликува од трговец до трговец, во зависност од изборот, квалитетот и брендот на производите.

– Кошничките ќе бидат јасно означени и поставени на видно место, со прецизно наведен состав и цени на производите. На овој начин, родителите однапред ќе имаат целосна информација за тоа што ќе содржи пакетот и која ќе биде неговата цена. Попустот до 15 проценти ќе се пресметува директно на каса и ќе биде прикажан на фискалната сметка – појаснуваат од Министерството за економија и труд. 

Реклама

Нацрт-одлуката е доставена до Владата и во вторник ќе биде разгледана, по што ќе се донесе одлука за нејзиното усвојување и понатамошно спроведување.

Претходно денеска премиерот Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање посочи дека на следната владина седница во вторник ќе донесат одлука со која ќе се формира годинешната училишна кошничка 

– Мислам дека во рамките на можностите сето тоа ќе биде атрактивно и за родителите и за учениците – рече Мицкоски при посетата на Прилеп.

Мерката, исто како и минатата година, ќе ги опфати основните училишни материјали што најчесто се купуваат пред почетокот на учебната година, меѓу кои ранци, тетратки, моливи, гуми, линијари, лепила, маркери, блокови, како и материјали за ликовно и техничко образование.

Со владината мерка се очекува да се намали финансискиот товар за семејствата во периодот пред почетокот на учебната година кога трошоците за опремување на учениците традиционално се зголемуваат.