Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Прилози

До полноќ ДИК официјално ќе ги објави кандидатските листи за престојните избори, за Скопје 17 кандидати за градоначалници

Во изборната трка за прв човек на град Скопје на октомвриските избори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во изборната трка за прв човек на град Скопје на октомвриските избори официјално  се доставени вкупно 16 листи за кандидати. На листата има и не многу познати имиња. Меѓу нив се оние за кои јавноста интензивно слуша изминатиот периот : Орце Ѓорѓиевски кандидат на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Каја Шукова, од СДСМ, Горан Марковски предложен од група избирачи, Амар Мециновиќ од Левица, Скендер Реџепи од ДУИ. Меѓу помалку познатите се кандидатот предложен од група избирачи, Сашо Маневски, потоа предложениот од Единствена Македонија, Зоран Јовановски, од друга група избирачи предложен е Драган Николовски. ЛДП заедно со ГРОМ имаат заеднички кандидат за прв човек на Скопје, Александар Трајановски. ТМРО ќе трча со Александар Рашковиќ, Владимир Куновски е кандидат од Работничката партија, адвокатот Александар Тортевски е предложен од Твоја Партија, а Срџан Амет од Унијата на Роми. Аналитичарот Башким Бакиу е кандидатот на „Вреди“ за Скопје, додека архитектот Вангел Божиновски е предложен од Родина Македонија. Сојузот на Ромите го кандидира Демир Исмаили во трката за прв човек на главниот град, а кандидатурата на Владимир Трајковски предложен од Македонска ера/Македонски независни листи – суверенисти е одбиена поради задоцнето поднесување на документите.

Вечерва, на полноќ Државната изборна комисија ќе ги објави и официјално кандидатите, со што почнува неделата на пред-кампања. Според овие информации и бројот на кандидатски листи, Скопје е водечки град во Македонија по број на кандидати.

По предлогот на Државната изборна комисија, според кој независните кандидати за советници и градоначалници можат со само два граѓански потписи да учествуваат на локалните избори, Уставниот суд одлучи да не поведе постапка. Според Костадиновски тоа би било многу тешка повреда на Уставот и непочитување на нашата одлука доколку ДИК не постапел на овој начин.

Реклама

Официјалниот почеток на кампањата е 29-ти септември… а првиот круг на гласање е 19 октомври. Вториот круг е закажан за 2 ноември… Во пресрет на изборите, деновиве со меморандум за соработка  Државната изборна комисија, Државната комисија за спречување на корупцијата и Државниот завод за ревизија, се договорија да разменуваат информации и да делуваат заеднички за фер и демократски избори.