Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

До ОЈО Скопје нема пристигната пријава од ЈСП за опожарениот автобус од Сопиште

Скопското јавно обвинителство нема оформено предмет за автобусот со број 58 кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопското јавно обвинителство нема оформено предмет за автобусот со број 58 кој целосно изгоре во скопско Сопиште. Оттаму ги повикаа службите кои го воделе случајот доколку утврдат дека станува збор за саботажа, како што се сомнева директорот на ЈСП Кушовски, да го известат обвинителството, за да можат да постапат.

„До овој момент до Основното јавно обвинителство Скопје не е доставено известување за настанот. Службите и вештите лица кои постапувале на терен, доколку утврдиле дека има сомнеж за сторено кривично дело или намерна саботажа на автобусите, имаат обврска за тоа да го известат обвинителството, кое веднаш ќе постапи согласно своите надлежности,, потврдија од обвинителството.

Претходно, директорот на ЈСП, Драги Кушовски, за медиумите изјави дека претпријатието веќе има одредени сознанија во врска со пожарите во нивните автобуси, и ја отвори можноста дека се вршела саботаж на возилата на јавното сообраќајно претпиријатие.

Реклама

Синдикатот на ЈСП реагираше на изјавата на кушевски барајќи од него да се извини за искажаните сомнежи за саботажа на автобусите. Оттаму побараа одговорност оти секојдневието на возачите станува се постресно. Бараат детална истрага и надлежните органи да реагираат за во иднина да не се повторат вакви незгоди.

„Некое возило не влече, во некои нема парно на ладно време, за некои автобуси нема делови и затоа возачите ги враќаат назад во гаражите. За 58-те буквално немаше исправни автобуси да возат. И другите возила не се безбедни. Директорот подобро да им се извини на луѓето за изјавата за саботажа Нека се извини подобро, а експертите да испитаат што е причината за пожарот“, рече Меџит Идризи, генерален секретар на СПАЈС.

Инаку, за шест месеци се запалија четири автобуси на ЈСП, додека извештаите на претпријатието покажале дека возилата не биле редовно сервисирани, а дури и за наједноставните процедури како што се промена на антифриз се барало одобрение од директорот.