Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Економија

Димитриеска Кочоска: Продолжуваме со стратегијата за стабилен раст, помал дефицит и подобар животен стандард

Предлог буџетот за 2026-та година во завршна фаза. Дополнетиот документ со 6…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предлог буџетот за 2026-та година во завршна фаза. Дополнетиот документ со 6 прифатени амандмани се најде на пленарна седница пред пратениците. Во експозето на министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, таа вели дека тој е економска порака дека догодина не очекува стабилност и развој. Во 2026-та, ќе се штеди, ќе се троши на клучни капитални проекти во висина од 660 милиони евра, ќе следи намалување на сивата економија и зголемување на приходите од даноци и придонеси. Министерката вели дека економијата ќе продолжи да расте со стапка од 3,8%. Охрабрувачки биле резултатите за кумулативниот економски раст од 3,4% во првите 9 месеци од годинава.

Од опозицијата очекувано критики. Според нив, не само што биле скратени капиталните инвестиции, туку имало помалку пари и за разни социјални категории.

Пратениците од власта велат дека во 2026-та, земјава ја очекува силен инвестициски циклус. Ќе се градат автопати и железница по Коридорите 8 и 10д, општините ќе реализираат инфраструктурни проекти, но и  компаниите ќе вложуваат во производство преку евтините пари од унгарскиот заем.

Реклама

Владата со овој буџет се обврзува на фискална консолидација. Буџетскиот дефицит треба да се сведе на прифатливи рамки од 3,5%, а инфлацијата да се намали до нивото од 2,5%. Вкупните расходи ќе изнесуваат 6,73 милијарди евра, а во државната каса ќе с есоберат 6,1 милијарди евра. За 10% ќе има повеќе пари за пензии, за 7% повеќе за плати и за 6,7 отсто за социјална заштита. Државата планира д аиздаде еврообврзница од 950 милиони евра и да се задолжи на домашниот пазар со 570 милиони евра. И покрај тоа што догодина треба да се врати еврообврзницата од 2020-та во висина од 700 милиони евра, јавниот долг тревба да изнесува околу 60% од БДП. На крајот на септември јавниот долг бил 57,6% од БДП. Расправата во собранието може да трае најмногу 5 дена.