Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Македонија

ДКСК: Нема основа за постапување против директорот на АНБ, Бојан Христовски

Антикорупциска не гледа проблем во именувањето на Бојан Христовски за директор на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Антикорупциска не гледа проблем во именувањето на Бојан Христовски за директор на Агенцијата за Национална безбедност. По извршните проверки антикорупционерите го затворија предметот и констатираа дека Христовски ги ислолнува сите услови да директорува со Агенцијата. Има соодветно образование, ги поминал сите безбедносни проверки, поседува сертификат и не е припадник на политичка партија, констатира антикорупционерката Цвета Ристова.

„Врз основа на сомнежите за валидноста на приложените документи, ДКСК постапувајќи по своите надлежности побара вонреден инспекциски надзор од Државниот просветен инспекторат во наведениот факултет со цел проверка на приложените уверенија и дипломи за стекнати 240, односно 180 кредити. ДПИ постапи и достави допис во кој се констатира дека нема неправилност во работењеото на универзитетот, односно приложените уверенија и дипломи се издадени во согласност со законски прописи“, рече Цвета Ристова, член на Антикорупциска.

За сите услови, Антикорупционерите констатираа дека Христовски уредно и во законски рок ги доставил документите до Владата пред неговото назначување.

Реклама

Што се однесува за сертификатот за англиски јазик, за што опозициската СДСМ обвинуваше, антикорупционерите одлучија дека Христовски формално правно го исполнува и овој услов. За тоа дали тестот е лажен, антикорупционерите се прогласија за ненадлежни.

Цвета Ристова, членката на Антикорупциска рече дека тие немаат надлежност да прават експертиза на тестот, но Обвинителството е надлежно за да поведе постапка и даде одговори.

Именувањето на Христовски предизвикува бура од реакции во јавноста. До Антикорупциска без поднесени повеќе пријави со сомнежи дека тој не ги исполнува условите за да ја води институцијата задолжена за безбедноста и контраразузнавањето.

Владата во октомври го имeнуваше Христовски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност,

Тој има повеќегодишно искуство во безбедносните институции. Извесно време бил директор на „Паркинзи Скопје“, а на директорската позиција доаѓа од МВР.