Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Економија

Дизелот поевтинува за 2,5 денари, а бензините поскапуваат за два денари за литар

Малопродажната цена на дизелот од ноќеска на полноќ се намалува за 2,50…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Малопродажната цена на дизелот од ноќеска на полноќ се намалува за 2,50 денари за литар, а на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат за 2,00 денари за литар. Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство на се намалува за 1,00 денар за литар – соопшти РКЕ.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува за 0,368 ден./кг и сега ќе изнесува 46,656 денари за килограм.

– Од 28 април од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат за моторен бензин „евросупер БС-95“ – 82,50 денари за литар, моторен бензин „евросупер БС-98“ – 84,50 денари за литар, дизелот ќе се продава за 91,50 денар за литар, а екстра-лесното масло за горење за 96,00 денари за лита – велат од РКЕ.

Реклама

Напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од ноќеска на полноќ, а оти трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.