Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Економија

Дизелот поевтинува за 2 и пол денари

Дизелот поевтинува за 2,5 денари, а бензините поскапуваат за 2 денари по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дизелот поевтинува за 2,5 денари, а бензините поскапуваат за 2 денари по литар. Намалување од 1 денар има кај екстра лесното масло за домаќинство, додека мазутот бележи благо зголемување. Новите максимални цени кои ги определува Регулаторната кмисија за енергетика почнуваат да важат од полноќ. 95-ката ќе се продава за 82,50 денари по литар. Новата цена на 98-цата изнесува 84,50 денари по литар. Дизелот, пак, од утре ќе се продава за 91,5 денари по литар. Од овие цени може да се оди и надолу на бензинските пумпи поради попустот на ОКТА од 3 денари за дизелот, односно 2 денари по литар за бензините.

ЦЕНИ НА НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ 28.04.2026

ЕУРОСУПЕР  95               82,50 (денари/литар)

Реклама

ЕУРОСУПЕР  98               84,50 (денари/литар)

ЕУРОДИЗЕЛ                     91,50 (денари/литар)

Екстра лесно масло         96 (денари/литар)

Мазут                          46,656 (денари/килограм)

Владата смета дека не избрзала со тоа што ја укина мерката кај дизелот за враќање на ДДВ-то од 10% на 18%. Доказ за тоа е фактот што тој поевтинува од утре за два и пшол денари за литар. Според премиерот Мицкоски, земјава се уште има најевтини горива во регионот, па и покрај зголемената потрошувачка на македонските бензински пумпи од страна на странски државјани, нема да се ограничува точењето на нафтени деривати.

„Се уште со керозин снабдуваме неколку од регионалните аеродроми и не размислуваме како Влада да воведеме забрана за извоз или реекспорт на нафта и нафтени деривати и не размислуваме како Влада да ги ограничиме нашите бензински пумпи да точат гориво само на автомобили и друг тип на друмски возила со македонски регистерски таблички. Напротив сакаме да покажеме солидарност кон регионот, но и да покажеме дека Македонија е фактор на стабилност во регионот“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Бизнисот претпазлив. Од Стопанската комора на Македонија велат дека многу фирми се жалат на растечкиот притисок и дека трошоците им растат. Тие ќе побараат мерки за помош на стопанството. Сметаат дека тие треба да бидат таргетирани и дека фокусот треба да се стави на извозниците кои имаат зголемени трошоци за транспорт и складирање.

Стопанството се подготвува за високи цени на нафтените деривати. Последните проценки на меѓународните финансиски институции се дека цената на нафтата на светските берзи нема д ападне под 90 долари за барел дио крајот на годинава. Тоа за нив значи високи трошоци за енергија на среден рок и очекувања за зголемување на инфлацијата.