Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Македонија

Дисбалансот на ДУИ за балансерот

 Двојни аршини од Мала Речица. Едно на власт – друго во опозиција.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Двојни аршини од Мала Речица. Едно на власт – друго во опозиција. Балансерот грубо се злоупотребуваше додека интегративците беа во Влада, сега неговото укинување е црн ден во македонската историја. Партијата на Али Ахмети во 2023 во Собранието ,дала согласност за стратегија во јавната админмистрација, во која е наведено дека  стучноста,  компетентноста и родовата еднаквост ќе бидат примарни освен при вработувањето и во  унапредувањето. Сепак, ставот се смени кога веќе не се на власт и укинувањето на балансерот за нив е причина за протести кои ги најавуваат подолго време.

  • На овој начин, од една страна се надминува потребата од примена на алатката наречена „балансер“, која во пракса предизвикува бројни злоупотреби, а од друга страна останува примената на начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците. Со објективни критериуми и постапки на отворен натпревар за избор на најдобриот кандидат, спроведени од професионалци во администрацијата кои поседуваат висок степен на стручност и интегритет ќе се направи брана од политичкото влијание..“ се наведува во Статегијата за реформа во јавната администрација 2023/2030.

Во поддршка на Ахмети против одлуката на Уставен застана и Села. Тој свика прес конференција во Собранието од каде гласно зборуваше за можна дестабилизација на Македонија. Ги повика стратешките партнери  да се вклучат во изнаоѓање на решение,иако пораките од Европската Унија беа во насока на укинување на „балансерот“. Имено  Европската комисија во последниот извештај наведува дека, алатката  веќе не ги исполнува целите и дека формулата не ги одразува пописните податоци за населението кое живее во земјата”.  

  • Кога веќе се удира врз овие важни темели на државата ги повикувам стратешките партнери, САД и ЕУ, да се најде заедничко решение со политичкиот партнер во државата.  

Од ВМРО-ДПМНЕ кои во изминатиот период се залагаа за укинување на балансерот поради бројните злоупотреби кои беа правени од претходната власт, порачаа дека Време е квалитетот да го земе приматот во вработувањата под државна капа.

Реклама
  • Се надминува потребата од примена на алатката наречена ‘балансер’, која во пракса предизвикува бројни злоупотреби, а од друга страна останува примената на начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците... ДУИ не изусти ниту збор, а на пак реакција за балансерот кога лани официјално беше промовирана новата Стратегија за реформа на јавната администрација (2023 – 2030) усвоена од владата со која тие управуваа и раководеа“ рече Лефков – пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Од коалицијата ВРЕДИ со став дека ќе се најде механизам во сите државни институции да има етничка и полова застапеност.

  • „Многу едноставно ќе се најде механизам, кога етничката припадност е уставна категорија, ни треба нов закон. Со законот ќе се предвидат не само етничката туку и половата и секаква друга еднаквост во институциите на системот. Законот е готов од наша страна, очекуваме и мислења, кои доаѓаат од меѓународни експерти и од Европската комисија, и се надевам набргу ќе го процесираме овој закон во парламентот“, рече министерот Таравари.

По укинувањето на „балансерот“ претседателот Дарко Костадиновски порача одлуката на уставните судии да не се политизира и етнизира, но интегративците не се воздржаа. Па синоќа, организираа и протест со 50-тина поддржувачи пред Уставниот суд.