Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Директорот на Детска клиника тврди дека е цел на организирана хајка, но и дека ќе има одговорност за смртните случаи

Одговорност за смрттните случаи во Детската клиниката ќе има. Ова го најави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одговорност за смрттните случаи во Детската клиниката ќе има. Ова го најави директорот, според кого постојат индикации за лекарска грешка, кај еден од случаите, но не прецизираше за кој случај станува збор. Но, за Мемеди вперените прсти кон него и кон клиниката, која изминатиот период се најде во црните хроники на медиумите, било хајка. Тој и клиниката биле мета на критики и напади. Сепак најави законска постапка против лекарите за кои што е констатирано дека направиле грешка, при лекувањето.

„Во последно време бевме сведоци на една асиметрична кампања наасочена против Универзитетската клиника за детски болести и лично против мене, иницирана од поединци тука, кои имаат само лични интереси и болна намера за власт и позиција, преку злоупотреба на детски судбини. Тие поединци многу добро знаат дека за дезинформации, клеветите и расистичките натписи кривично се одговара“, рече директорот на Детската клиника, Реџеп Мемеди.

Инаку Мемеди е свесен дека условите на детската клиника се далеку од стандардите какви што пациентите заслужуваат. Рече дека имаат проблеми со водата, па посочи хипотетички пример, ако се случи пожар , во погорните спратови, притисокот на водата е слаб и не ќе може да го изгаснат. Но, истовремено најави дека во наредниот период целосно ќе се реновира кујната, сервисирање на лифтовите, а ќе се обезбеди и нов систем за наводнување и реконструкција на ординациите.

Реклама

„Таа пумпа односно хидрофорот од  2018 година е надвор од употреба. Замислете денеска да имаме пожар, по оддели горе по спратови, ние немаме притисок, односно немаме вода за гаснење на пожарот. Ќе обезбедиме комплет нова пумпна станица, со комплет нови пумпи и просторијата во смисла на изолација, затоа што таму е комплет руинирана станица. Сега сме во фаза на проект и ќе монтираме комплет нови лифтови. Двата кои се постари“, рече Реџеп Мемеди.

Според Мемеди смртноста на малите е деца на клиниката е тројно намалена во споредба од пред 10 години. Министерството за здравство и Детската клиника продолжуваат да ги подобруваат условите за лекување на децата и зголемување на стручниот кадар во рамки на клиниката.

Последниот трагичен случај на клиниката беше петгодишно девојче за кое министерот Таравари рече дека не сака да суди пред да го добие целосниот извештај. Инспекторите констатирале лошо водење на евиденцијата за починатото девојче, а алармантно беше и тоа што и покрај укажувањата на инспекторатот, се уште на клиниката дежураат само специјализанти. Претходно, почина и бебе, кое пред да заврши трагично на клиниката, беше буквално шетано од една во друга здравствена установа.

Љубиша Владимиров