Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Дипломатската мрежа на едно место во Скопје – дипломатијата да не биде пасивна во длабоките геополитички промени, економската дипломатија во фокусот

– Амбасадорски совет ќе се одржи денеска и утре во Скопје, со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Амбасадорски совет ќе се одржи денеска и утре во Скопје, со учество на шефовите на македонските дипломатско-конзуларни претставништва во странство.

Како што информираше во вторникот на прес-конференција министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, ова е првпат по 2019 година амбасадорскиот совет повторно да се одржи во нашата држава, со физичко присуство на шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва.

На отворањето на Амбасадорскиот совет свои обраќања ќе имаат премиерот Христијан Мицкоски, шефот на дипломатијата Муцунски и чешкиот министер за надворешни работи, Петр Мацинка, којшто престојува во официјална посета на земјава.

Реклама

Пред почетокот на Амбасадорскиот совет, предвидено е претседателот на Владата Мицкоски, да даде изјава за медиумите.

-По повеќе години, нашата дипломатска мрежа повторно ја собираме на едно место за директна, суштинска и стратешка координација. Амбасадорскиот совет е еден од најважните механизми за стратешка координација на македонската дипломатија. Целта е јасна: да направиме пресек на сработеното, да ги усогласиме позициите и, пред сè, да поставиме конкретни задачи за периодот што следува – рече Муцунски на прес-конференцијата.

Според него, амбасадорскиот совет е еден од најважните механизми за стратешка координација на македонската дипломатија, со јасна цел – пресек на сработеното, усогласување на позициите и поставување конкретни задачи за периодот што следува.

На Амбасадорскиот совет ќе се разговара за европската и евро-атлантската агенда, геополитичките и безбедносните промени, регионалната стабилност, институционалната отпорност, економската дипломатија и конзуларното работење.

Муцунски истакна дека нема само да се анализира што се случува во светот, туку и на средбата ќе се утврдува што тие промени значат за нашата држава, како влијаат врз нашите интереси и што конкретно очекуваме од секое наше дипломатско-конзуларно претставништво.

-Во време на длабоки геополитички промени, растечки безбедносни предизвици и сè покомплексни меѓународни односи, вели, дипломатијата не смее да биде пасивна. – Потребна ни е дипломатија што предвидува. Која реагира навремено. Која гради партнерства. И која одлучно ги штити националните интереси – порача Муцунски.

Информира дека амбасадорите и генералните конзули во рамките на советот ќе имаат директен дијалог со претседателката на државата, премиерот и со претседателот на Собранието, што испраќа порака за потребата од институционална координација, јасни позиции и сериозен државен пристап.

Тој посочи дека еден од главните фокуси на годинешниот совет ќе биде економската дипломатија, со јасна порака до амбасадорите дека „секој амбасадор мора да биде и економски промотор на нашата држава“.

– Повреќе инвестиции, поголем извоз, нови деловни контакти, нови пазари за македонските компании. Тоа мора да стане мерлив дел од работата на нашите претставништва. Нашите амбасади треба да отвораат врати за македонските компании и добрите политички односи да ги претвораат во конкретни економски можности за нашата земја – порача Муцунски.

На состанокот ќе се разговара и за модернизација и дигитализацијата на конзуларните услуги, подобрата институционална координација и поблиската комуникација со дијаспората.

-Нашата цел е едноставна: македонскиот граѓанин, каде и да се наоѓа, да знае дека неговата држава е таму кога му е потребна. Истовремено, ќе ги слушнеме и нашите амбасадори и генерални конзули. Тие најдобро ги познаваат предизвиците на теренот. Сакам отворено да разговараме за она што функционира, што мора да подобриме и што е потребно нашата дипломатска мрежа да биде поефикасна, попрофесионална и подобро подготвена – истакна Муцунски.

Шефот на дипломатијата ги прецизира трите клучни очекувања од дипломатската мрежа – да ги штити националните интереси, да отвора можности за нашата држава и да им служи на македонските граѓани, а в четврток и в петок, како што нагласи, овие принципи ќе ги претвориме во конкретни задачи, подобра координација и мерливи резултати.