Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Димовски се сретна со Тадаши Мураками од JETRO

Можностите за продлабочување на економската соработка, со посебен фокус на следната мисија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Можностите за продлабочување на економската соработка, со посебен фокус на следната мисија на јапонска бизнис делегација во Скопје, која е закажана за ноември, беа тема на разговор на денешната средба на директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски со Тадаши Мураками, генерален директор на канцеларијата во Виена на Јапонската организација за надворешна трговија (JETRO), што се одржа во рамки на соработката со JETRO.

На средбата, информираат од Дирекцијата за ТИРЗ, беа разгледани можностите за претставување на инвестицискиот потенцијал на Македонија пред јапонските компании, како и за воспоставување нови контакти со компании заинтересирани за проширување на своето присуство во регионот.

Директорот Димовски ги претстави можностите што ги нудат ТИРЗ и поддршката која Дирекцијата ја обезбедува за инвеститорите, истакнувајќи ја подготвеноста за понатамошна соработка со JETRO и јапонската бизнис заедница. Тој посочи дека активно се работи на подобрување на условите за инвестирање, унапредување на инфраструктурата и создавање конкурентна деловна средина која ќе овозможи привлекување на нови инвестиции и поддршка на компаниите кои веќе работат во зоните.

Реклама

Од страна на Мураками беше истакната важноста на континуираното поврзување на јапонските компании со институциите и бизнис секторот во Македонија, при што беше нагласена улогата на JETRO во создавањето нови можности за деловна соработка и размена на информации за инвестициските можности.