Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Димовски: Најдоцна до мај наредната година, државата и мора да биде подготвена за превенција и заштита од пожари

  „Само во последнава деценија штетата од пожарите во Македонија е проценета на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

  „Само во последнава деценија штетата од пожарите во Македонија е проценета на околу 130 милиони евра. Тоа е огромна сума која, како нова Влада не’ принуди итно да се зафатиме со изготвување на системска стратегија за превенирање и заштита од пожари, а на што, како стручен тим, ние веќе и работиме“, порача денеска од Македонски Брод, вице-премиерот Љупчо Домовски.

 „Ова е сериозен, долг процес, не е тоа работа за еден месец за да се постави системот како што треба. Потребно е да се направи анализа, анализата би требало да биде готова до крајот на годината изготвена, а после тоа да се прави стратегијата. Но, како приоритет за сите нас е Македонија да биде подготвена  до некаде април-мај месец за евентуални ризици што би можеле да се повторат како што се случи ова лето“, – изјави Љупчо Димовски, вице-премиер за политички систем.

  Но, освен на државно ниво, итно треба да се дејствува и на локално, односно и општините да си изготват програми за поефикасно справување со ваквите непогоди. А општина Македонски Брод, како една од најпогодените општини од пожарите летоска, а каде сериозно беше загрозен и Националниот парк „Јасен“, веќе работи на тоа, уверува градоначалникот Жарко Ристески.

Реклама

 „Се вмреживме со мисијата „Флоријан“, така што веќе очекуваме во текот на утрешниот ден добиваме донација – противпожарно возило со комплетна опрема за 20 пожарникари, се’ со единствена и крајна цел да не ни се повтори она што ни се случи во ова изминато лето“, – рече Жарко Ристески, градоначалник на Македонски Брод.

 „Во „Јасен“ се опожарени околу 1500 хектари шума што е голема површина…Ние како ЈП во перидот кој што следи настојуваме да се спремиме, да бидеме поподготвени за да интервенираме навремено…Се обидуваме да изнајдеме проекти за да земеме одредени средства кои што би ни помогнале во периодот кој што следи“, – кажа Ангеле Сотировски, директор на ЈП „Јасен“.

    Инаку, вие-премиерот Димовски најави и скора изградба на Тренинг-центар во Кавадарци за обука на пожарникари-волонтери, бидејќи според него, нашиот најголем проблем е малубројноста на стручно оспособени пожарникари. Обуките би требало да ги вршат странски инструктори, вели Димовски.

https://www.youtube.com/watch?v=bsayXRuALzY