Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

ДИМОВСКА – ЛЕЈЕНБЕРГЕР: Потврден континуитетот на одличната соработка со Германскиот Бундестаг

Фокусот на дискусијата беше во насока на финализирање на реформата за воведување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фокусот на дискусијата беше во насока на финализирање на реформата за воведување независно собраниско обезбедување во контекст на целосна институционална независност на Собранието.

Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, денеска оствари средба со заменик-генералната секретарка на Германскиот Бундестаг, Сашка Лејенбергер, на која покрај собраниските службеници, присуствуваше и нашиот резидентен амбасадор, Илбер Села.

На средбата, беа потврдени одличната и континуирана соработка меѓу двата парламента и беа разгледани предлозите за утврдување на соработката во следните години.

Реклама

Димовска на почетокот искажа благодарност за интензитетот и динамиката на размена на експертиза, добри практики и искуства меѓу Бундестагот и Собранието. Фокусот на дискусијата беше во насока на финализирање на реформата за воведување независно собраниско обезбедување во контекст на целосна институционална независност на Собранието.

Средбата беше искористена и за иницирање нови можности за соработка меѓу службите на двата парламента, согласно потребите на Собранието и во области за кои имаме отворени прашања и за кои е потребно целосно доуредување. Особено го истакна значењето на ИПС програмата, којашто се спроведува секоја година за млади лица од нашата земја кои стажираат во германскиот Бундестаг и на тој начин стекнуваат непроценливи искуства и знаења за парламентарното работење. Тие искуства по враќањето дома ги споделуваат во Собранието.

Димовска упати и покана до раководството на службата на Бундестагот за посета на нашето Собрание.

Лејенбергер изрази особено задоволство за денешната средба, истакнувајќи дека Собранието е во фокусот на приоритети за соработка на Бундестагот, со уверување дека оваа соработка ќе продолжи да се продлабочува во веќе детектираните области и за нови теми од заемен интерес. Праксата стипендистите да поминат две недели во Собранието пред нивно заминување во Германија и да се запознаат со начинот на неговото функционирање, ја оцени како особено позитивна, како искуство кое е корисно и служи за поподготвени да го почнат нивното стажирање во Бундестагот.

Двете соговорнички беа согласни дека во овој динамичен свет, во кој секоја институција мора да држи чекор со новата технологија, парламентите треба да инвестираат уште повеќе во дигитализацијата, заштитата на податоци, како и нивно поактивно претставување на социјалните мрежи, обезбедување поголема достапност на информации за граѓаните и за младите, но и во вклучување на јавноста и експертите во законодавниот процес, во родовата еднаквост и буџетирање, како нови трендови во парламентарното работење.