Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Димитриевски: СДСМ денес го предводи бугарофилско раководство кое работи спротивно на македонските национални интереси

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, порача дека Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, порача дека Македонија мора да го продолжи европскиот пат, но без откажување од сопствениот идентитет, историја и национално достоинство, стои во соопштението на ЗНАМ.

Тој оцени дека континуираниот притисок за уставни измени од страна на актуелното раководство на СДСМ претставува продолжение на, како што рече, бугарофилската агенда која започнала со политиките на претходната власт.

„Таа агенда започна со политиките на Заев, со она фамозно интервју на БГНЕС, каде што не изедначи и во јазикот и во нацијата. Дополнително следуваше изјавата на поранешниот претседател на државата Пендаровски, кој што рече дека Гоце Делчев е Бугарин, и на тоа следуваше потпишување на фамозниот француски договор и целосна капитулација на нашата дипломатија предводена од Ковачевски, за да денеска го гледате истиот Венко Филипче кој што во континуитет инсистира на уставни измени, а сето тоа го потврдува на крајот и неговиот член на централниот одбор, Рубин Земун, кој што вели дека Гоце Делчев нема никаква улога во историјата на Македонија и го минимизира ликот и делото на еден од нашите најголеми револуционери во нашата понова историја” – посочи Димитриевски.

Реклама

Тој додаде дека денешното инсистирање на уставни измени од страна на раководството на СДСМ само го потврдува, како што рече, континуитетот на
таквата политика.

„Со право можам да кажам дека Социјалдемократскиот сојуз, некогашната државотворна партија, денеска во континуитет осум години наназад е предводен од крајно бугарофилско раководство кое работи за туѓи, а не за македонски интереси“ – истакна Димитриевски.

Според Димитриевски, Движењето ЗНАМ останува цврсто на ставот дека Македонија може да биде дел од Европската Унија единствено како достоинствена држава на македонскиот народ и на сите нејзини граѓани, со зачуван историски и национален континуитет.

„Нашата цел е да го сочуваме она што е декларирано во АСНОМ и темелено врз Крушевскиот манифест. Ние можеме да бидеме дел од Европската Унија само како Македонци, а не со негирање на сопствениот идентитет“ – порача претседателот на ЗНАМ.

Дополнително нагласи дека Декларацијата на ЗНАМ со црвени линии за националните прашања останува отворена за сите политички субјекти и претставува основа за обединување околу државните интереси.