Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Димитриеска-Кочоска: Во изминатиот период работевме посветено и испорачуваме како што сме испланирале

Буџетот е ликвиден, пари се обезбедени навреме и има простор за мерки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Буџетот е ликвиден, пари се обезбедени навреме и има простор за мерки доколку се потребни – истакна вчера министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување на една од националните телевизии.

– Работевме посветено во изминатиот период и испорачуваме како што сме испланирале. Граѓаните може да бидат спокојни. Пари обезбедивме навреме. Условоите по кои ги обезбедивме беа многу поповолни. Издадовме еврообврзница со убедливо најниска камата – истакна министерката за финансии.

Димитриеска-Кочоска додаде дека има огромен предизвик, но радува фактот дека има раст кај бруто-домашниот производ.

Реклама

– Тоа е важно затоа што сите бројки, вклучително и јавниот долг, го гледаме како процент од БДП и колку е тој поголем, тоа значи дека јавниот долг ни се намалува, а со тоа се отвора простор за дополнителни задолжувања доколку има потреба. Важно е како ја водите целокупната политика. Да, дел е со помошта што би требало да се даде преку форма на намалување акцизи, даноци, што би значело намалени приходи во буџетот, но ќе реагираме соодветно, простор за одредени реакции има сѐ уште – истакна Димитриеска-Кочоска.

Министерката очекува политиките и одлуките што оваа Влада ги носи сега да се почувствуваат реално подоцна затоа што, вели, во економијата постои нешто што се нарекува временско задоцнување, односно дека растот во економијата бара континуитет во повеќе години.

Во интервјуто посочи дека не смета оти проекциите за приходите се преоптимистички и  направи споредба на приходите во 2025 и 2017, кои се со реализација 95,91 отсто од планираното за 2025 и 95,81 отсто за 2017 година. Во однос на расходната страна, потенцира дека нема нереализирани расходи, односно дека се исплатени сите обврски, вклучително и налозите за реализација на капиталните расходи.

– Сѐ што стига како налог во трезорот во Министерството за финансии се исплаќа редовно и во согласност со упатството – појасни министерката.