Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Димитриеска-Кочоска: Условите се транспарентно објавени за пласман на средствата од унгарскит заем за компаниите и нема ризик врз Буџетот

Средствата обезбедени од унгарскиот заем за поддршка на домашната економија, односно домашните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Средствата обезбедени од унгарскиот заем за поддршка на домашната економија, односно домашните компании се одвива врз основа на услови кои транспарентно се објавени и нема ризик врз буџетот, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Kочоска.

-Условите се транспарентно објавени под кои се одобруваат кредитите. Парите не ги дава Развојната банка, туку комерцијалните банки кон крајните корисници – компаниите. Кредитите ги одобруваaт комерцијалните банки, тие процесираат и ризикот е на банките. Доколку некоја банка направи погрешна проценка комерцијалната банка има обврска да го врати кредитот на Развојна банка, односно во буџетот, рече Димитриеска-Кочоска.

Инаку, за домашните компании од унгарскиот заем што го обезбди Владата се предвидени 250 милиони евра. Средствата се пласираат кон домашните компании преку комерцијалните банки. Досега се префрлени три танши во износ од 125,7 милиони евра.